се (зам.) - заебе (гл.)

Токму тој Беки кој во еден петпаречки таблоид ме нарече „шугле“. Ех, Беки, Беки, како се заеба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Заправо, единствената убава асоцијација што театарот ја буди во мене е сеќавањето на Пепи Мирчевски кога играше некоја античка драма на Охридско лето, а актерскиот костум му го беа накитиле со кондоми полни со вода - ние му викавме: „Пепи, пази да не се запиеш некаде со кондомиве“, а тој ни одговараше „Не ми е мене страв да не се запијам, страв ми е да не се заебам!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)