се (зам.) - нареди (гл.)

Се плашеа раководителите на градот од клетвите на мајките на своите деца, на сите детства и на младоста ако им се наредеше да кренат нож против козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Многумина така сме мислеле, му реков тогаш јас, а сепак се наредиле работите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На сувата гранка од првата слива се наредија четири врабици и наслушнуваа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ете тогаш беше кога ми е даден ферман за градење на црквата и друг ферман за да се нареди да нема неправда при собирањето на џизието...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И за тебе ќе се наредат, и ти ќе „скокнеш“, му реков, освен ако не претераш крајно, тогаш тешко ќе те оженат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со издив на олеснување го дочекував големиот станичен перон во кој се наредени триесетина колосеци кои дејствуваат грандиозно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Особено на Будим, на чии височинки, над самиот Дунав, се наредиле импозантните стари зданија - црквата на прочуениот унгарски крал Иштван Матијаш, во чие подземје се наоѓа музеј, со најстари унгарски реликвии, со тврдината на аласите, која ја обиколува црквата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Покрај нив се наредени „колпортерски“ дуќанчиња кои се потпрени до ѕидиштата на кејовите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тетка Анѓа ги затна ушите, постоја неколку мига намуртена поради вревата, па продолжи: - Сакам убаво да се наредите в ред.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе си и прибира селаните околу себе, ќе му помага во неволите, ќе и наоружува полека, полека, и кога ќе се нареди одозгора ќе и поведе во борба против агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер, само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа насамо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вие, кај ќе одите, шо ќе правете, ќе гледате да си најдите по некое пусатче. Пушка, пишчолче, чифте, тек. Колку поздраво — толку поарно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Една по една, бргу ми се наредија дванаесетина други електронски пораки, главно навредливи, а некои дури и погани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Откако ги испративме ранетите, добивме наредба во Драч да го пренесеме бегалското население –почна Стефо, но неговото раскажување го позеде Стојна: - Ноќта долж целиот пат се наредија камиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И затоа, не облекувај туѓи чевли или ќе ти ги стуткаат прстите на нозете и плускавци ќе ти се наредат по петиците, па кога ќе ти пукаат, сите ќе ја видат крвта што ти капе од меурите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И тие ќе се наредеа, во низа ќе се наредеа и ќе си подаваа котли и грнци со вода, и ние ќе ги натуравме цевките. Бжж!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако се нареди пентаграмот во сите свои возможни агли на дводимензионален цртеж ќе изгледа како темен круг, а ако се замисли тродимензионално ќе изгледа како топка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се наредивме еден зад друг пред вертикалниот отвор.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мил си ми. Никогаш не ќе се разделиме. - Ќе мораме, Додо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Боже, дали ако таа знаеше, дека и Хелвиг ќе се вброи во нив, ќе се нареди од таа страна на таборот и тоа ќе значи крај на нивната врска, нивната љубов, нивниот заеднички живот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И пазарот се сврши. Стале Чешелков се нареди вечерта со постојаните момци на манастирскиот чифлиг.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И се наредија да се простат прво со Трајчета, ама овој уште бегот кога му подаде рака рече оти ќе ги испрати до порта, та сите се поздравија со Ристета за да дојдат на ред со Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се наредија сите по старешинство. Најдолу, се разбира, Суло и Злате протуѓерот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе се каже кога пристигнува возот со децата и ние, од рани утрини, ќе се наредиме на станица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе постелиме и ќе се наредиме по целото собиче: јас и Оливера на една страна, а мажите на друга. Крлаган, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се наредиме вака: машко, женско, машко, женско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ние му застанавме, му се наредивме оздола.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првин докуцка низ Одун-пазар, па низ Туз-пазар, и колку што ќејф му направи што овие пазаришта си имаа одделни делови за разна стока, толку и некоја с'калма го фати: крупните ајвани од ајван-пазар, иако големи, му изгледаа осамени така одделени од ситнежот во којин-пазар; сушените риби пак од балук-пазар уште поосамени што не можат да се наредат како украс крај маќениците, урдата, сирењата и топките овча маст на чомлек-пазар.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Високи сенчести буки одеднаш се наредуваат од десната страна на патот и простираат пријатна ладовина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)