се (зам.) - нафрли (гл.)

Еве и сега како скакулци се нафрлија да пустат земји.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
XI Гладот, што како стрвина се нафрли врз селото, постојано и сѐ повеќе се вовлекуваше во празните амбари и ношви и ненаситно лиже, гризе и сотира.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Му се нафрлив. „Марко, немој! Лошо ќе поминеш!“ исплашено извика Влатко, ама веќе беше доцна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Татко ми купи! Да не мислиш - татко ти ќе купи! Со кои вошки ќе купи!?“ Тоа многу ме навреди. Ми се стемни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А и ти немој да си посмеал со тој збор да го спомнеш татко ми!“ реков вцрвен и готов да му се нафрлам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми иде да ти се нафрлам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Веслаше кајче, а сега е бајче и жена му ја храни со лајче - се нафрли продавачот со неговите мајтапчиско римувани ускочици.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мислејќи дека нивниот млад стопан ги поддржува, тие уште пожестоко се нафрлија кон неканетиот посетител што Бојан уште не можеше да го види.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога тие се нафрлија врз јаслите полни со сено, Бојан ја фати малата Снежанка и ја принесе до вимето на една од скоро ојагнетите овци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дечиња си играа, се валкаа, прескакаа едно преку друго сѐ дури огнот не ја префрли оградата и не се нафрли на усамената куќарка на старичката.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дури починуваше војската, летна квечерина се покажаа некои црвени ветрови низ полето што се нафрлија врз тревата Ја легнуваа, ја кршеа, ја фрлаа час ваму – час таму Ја креваа, ја корнеа од земјата Та до мајчина болка низ ветрот пиштеше горката коските како да ѝ ги расчинуваат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Неделата, кога излеговме од миса, нѐ придружи густ и мрачен ветер а потоа се нафрли дожд.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Така е особено ако исказот, наместо левтерно да се нафрли со зналско намигнување, се изнесува со сета сериозност на сеопфатна генерализација за геј- мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Волчјакот душка под седиштата, скокна во багажникот, слезе, се нафрли на гумите, на ауспухот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еве за тоа што читаме во Мемоарот на Организацијата: На 23 април претпладне турски шајки, составени од професионални злосторници и крвопијци, следени од полициски чиновници и жандарми, без секаков повод и ненадејно, со бес и јарост се нафрлија врз христијаните низ битолската чаршија и, кого ќе сретнеа, го убиваа или рануваа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Илузиите на самиот српски народ пак не се безрезултатни: во случај на војна за Македонија со кого и да е, Србите како еден сите ќе се нафрлат на непријателот, -српската војска со најсилно патриотско чувство ќе се бори за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Првиот веќе беше под прозорецот. Тој се нафрли врз убиениот. И уште веднаш врз него наскокаа пак сите други, истрчувајќи ветерничаво од сите страни и вплетувајќи се во уште побесно клопче, од кое снегот прштеше наоколу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Сенкичка мила! - слушна пак Арсо. Човекот се заврте на петици и се нафрли на стомната.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Времето врви, а раната никако да заздрави. Ми се нафрлија некои зрнца, некои меури. Почна и гној да збира, да скапува месото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам дали две години имаше: го нафатија некои мозолчиња, на слапој му се нафрлија, нешто како сипаници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За инает, и надвор од себеси, се нафрлив на приклучокот за антена.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тажно рече: - Несреќно мое момче, сега слепо, куцо ќе ми одиш цел век! - па потоа со најголеми навреди ѝ се нафрли на проклетата муза.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зафати водата полека да истечува, да се впива во земјата, да се повлекува од дворовите, да ги ослободува заробените куќи, луѓето, добитокот; се покажа виножитото, па и тоа како да шумкаше колку што можеше, задува ветер, па и тој започна да ја суши земјата; излезе и сонцето од облаците, па и тоа почна да ја цица земјата; излегоа луѓето од куќите како од Ноевиот ковчег, се бацуваа што го преживеаја овој потоп, оваа несреќа; се јавија и птиците што беа скриени некаде, се нафрлија да клувкаат на сѐ што ќе видеа за јадење; се грабеа, се биеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А пак Рожденката, бидејќи се раскара и се дели со јатрва си Митра, се нафрли на стрико Маловите невести, а особено на помладата Тода и само кај неа имаше доверба, и само таму ја пушташе сама Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој каде се наоѓаше бараше камења да се нафрли на бунтовниците и со тоа да си го излее јадот над овие непокорни ѓаури.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И како фортуна се нафрлија надолу партизаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но тогаш дојдоа мравки црни петна врз бела руба тревата да ја влечат во дупките и птиците во јата се нафрлија на дворот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
На нозете му се нафрлиле живи рани, сараџи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури се раздени, јас веќе целата се нафрлив со пликови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама јас и понатаму не можев да разберам зошто даскалот со толку манија и пизма се нафрли врз дедо?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чаршијата се тресеше од тељаљите што ја објавуваа веста, калдрмата стана лизгава од расфрланите аспри ковани во Кратово, вратите на апсаната се отворија и пуштените се нафрлија врз ситнежот да зобаат како пилци, а Бошко си ги најде жената и децата дури во Бојаџиската чаршија, стуткани зад едни црвени преѓи што се цедеа на ченгел од крвавата боја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Значи така, а? Претпладнево ме лажеше, а? – му се нафрлив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми знаеше колку можам да бидам незгодна ако се запијачам за нешто и го смени однесувањето: - Слушај, Бреза, не сум те излажал, само убаво размислив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа луѓето, настрвени и бесни, се нафрлија и врз златната петокатница.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)