се (зам.) - освои (гл.)

Од тоа произлегува дека трите супер-држави не само што не можат да се освојат една со друга, туку дека не би добиле ништо дури и кога би го сториле тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чекорев со Мајка во таа снежна виулица, со чувство на внатрешно задоволство од краткотрајната победа над Мајкината самота, која мораше постојано да се освојува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нивното огромно пространство влева страв.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Се сети на задоволството кога се освојува неосвоив врв.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак, природните пречки никогаш не можат да бидат конечни граници, зашто тие истовремено секогаш служат и како инспирација да се надмине тој страв и тие да се преминат, да се освојат нив, да се населат.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Му пишувал на својот пријател дека власта што се освојува никогаш доброволно не се напушта, по било која цена!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И на ова поле на Изложбата се освојува човечката психа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)