се (зам.) - поведе (гл.)

Со луѓето надвор разговорите и кога ќе се поведат, се скудни. Тие се само за моментот, суви и лицемерни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека тече парницата, во поглед на истото барање, не може да се поведе нова 121 парница меѓу истите странки, а ако таква парница биде поведена, судот ќе ја отфрли тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Три недели пред да се поведе истрага во врска со скапоценостите на Баручиеви оставени за чување кај спомнатиот Чардаклиев, Груев беше на пат, беше отсутен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стечајната постапка се поведува по предлог и таа е итна (чл. 8, ст.1-2 од ЗС). 3.  Полномошник на странката може да биде: адвокат, лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар, доколку е потполно деловно способен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе се смета дека должникот е неспособен за плаќање ако во период од 45 дена од која било негова сметка, кај кој било носител на платниот промет, не е исплатен износот што требало да биде исплатен врз основа на важечките основи за плаќање (чл. 5, ст.1-2 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пријателите и така повеќе кажуваат за една личност од непријателите, кои, и без поголема причина, се поведуваат најчесто од потребите на самата омраза, не од објектот и личноста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие не му додаваат ништо на богатството на светот, затоа што сѐ што произведуваат се употребува за војната, а целта на водењето на една војна секогаш е да се обезбеди подобра позиција за да се поведе друга војна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
2 При спроведувањето на оваа опсежна правна студија утврдени се неколку „пункта“ на противуставни одредби – и, подоцна, се поведени дваесет постапки пред Уставниот суд на РМ за разни закони од оваа сензитивна сфера на економско- социјалните човекови права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)