се (зам.) - прошета (гл.)

Разбојот и влачењето сакаат седење на едно место, а со фурката може и на вода и в комшии да се прошета и да не губи од работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И налето, по вршење, ќе се прошета лично бацко Пере по селата, ќе се види со пријатели и ќе ја собере вересијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еднаш му ја искинала гуната на поп Трајка кога се враќал од гробишта дома, другпат го укасала Црневото дете, трет — ја исплашила Улевата невеста и; сиромашката, си фрлила машко дете од шест месеци; та дури и панталоните на ќатипот му ги „закрпила" кога врвеле со Колобана крај Сукаловата мала врата да се прошетаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние сега да си одиме, вели Тахир бег, а си мисли сега, кога помина лошото, ред е и Мурад да се прошета; одовде, по Градишки Пат, смета, ќе отиде до Голема Вода и низ Забелски Ливади преку Коритница ќе излезе на Долга Чешма, потоа низ Торојца ќе стигне на Алилово и довечер по Пазарџиски Пат ќе се врати назад.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе се прошетаме малу по небото и ќе ти мине тагата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ние сме деца на пожарот и оганот – ние ја носиме душата на Човекот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во црна блуза со деколте, припиени црни хеланки и сребрени сандали со високи пластични потпетици, пушејќи долг Davidoff, се прошета до стаклениот ѕид и таму, издишувајќи облаче чад го проследи вивнувањето на еден авион кон небото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Имаш најубави колена. Да, да, прво што забележав на тебе беа колената“, па моташ низ паметот кога си се прошетала во шорц пред него и си ја повлекуваш сукњата преку испакнатите, ’ко со вода полни примероци, и во чудо си.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако излезеше да се прошета крај куќарките на аргатите и чифчиите кои работеа на сегашниот имот од Петрета, одеше со кренат камшик, небаре мутесарифот Мехмед Фаик-паша дошол на обиколка, и на сите им се обраќаше со „Господот наш Исус Христос да ни е на помош”, божем не знае каде се наоѓа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сестрите останаа зачудени што братот така си реши да замине, но тоа им даде идеја: зошто и тие самите да не се прошетаат малку?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Скалите фатиле скреж, како голиштарец да се прошетал по нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најверојатно ќе ја напуштев гимназијата ако се случеше вошката што ја фати Нанчо да се прошеташе по кафената боја на костумот и да ја посочеше некој со прст. За среќа, ја улови Нанчо. Сполај му барем за тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Четвртиот ден М не излезе да се прошета. Се плашеше од сенките кои може да ги фрли неговото тело.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Впрочем, подоцна му стана пријатно кога се сети дека и навечер ќе има можност да се прошета со новиот шинел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И, така, откако ќе се прошета матерката, откако ќе заврти неколкупати меѓу војниците, уште повеќе ќе ни се отвори устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми е страв. Ако разбере Јон мој, коските ќе ми ги искрши, в раце ќе му се прошетам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако човек в самрак се прошета по празните, бучни, широки улици, него ќе го обземат спомени.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штрчат изглодани руини, а во прозорците местимично е вплетена жица, ’рѓосана, преплетена.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)