се (зам.) - скине (гл.)

Па сепак од тој напор како да се скина некое конче во мене и туку се најадов станат од креветот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ѓонот се излижа, се скина, и дупката на десниот чевел особено брзо се ширеше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овој, еден од најубавите народни обреди, дружината го играше на сцената одлично; сите беа искусни и се гледаше дека точно го знаат и го разбираат секој симболички детаљ; гатачот потем говореше: „Оддалеку идиме, надалеку одиме, на кораб се возиме, со стапој се крепиме, коработ се скина, на домаќинот газот му зина“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаш проблем, вели тој. Потегни ја оваа врвка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе ти го видам знаменцето и ќе одговорам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Каде е Сем Хант? Каде е тој крт. Крени го знаменцето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ај да го ебам! Се скина конецот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа се наведна да ги собира јаболката, дечишта дотрчаа и ѝ ги разграбаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми веруваше дека Чарлс Дарвин му го нашол вистинското место на човекот - во животинското царство; тој тврдеше дека со Дарвин започнува вистинското сфаќање на човечкото суштество - како креација на природата настаната во преобразбата од еден животински облик во друг, а не Божја креација од прашина со вдахнат божји здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше местото каде што се скина тенката нишка помеѓу нас и нашите заборавени претци: ние бевме првите неверници во долгата низа поколенија од времето на Мојсеј до нас, првите кои работеа во сабота, кои јадеа свинско, кои не одеа во синагога, кои не кажуваа “Кадиш“ на погребението и на годишнините од смртта на родителите, кои не го разбираа хебрејскиот; за нас светиот јазик беше германскиот (брат ми веруваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла), се воодушевувавме од германскиот дух и правевме сѐ да бидеме дел од него, живеевме во Виена, престолнината на Австро-Унгарија, која беше нарекувана “светата империја на германската нација”, и со некакво чудно воодушевување, со кое го прикривавме зазорот кон својата традиција, ги прифаќавме тогашните навики и однесувања на виенската средна класа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Видов како се скина торбата што ја носеше една старица, и јаболката испаднаа од неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас напнувам уште еднаш и нешто како да ми се скина, како да ми се одврза од трбушката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми чкрипи разбојот, вели, ги провирам малките меѓу основата во брдата, и како ќе чкрипнам со чкрипците, така ќе ми се скине јатокот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потклоцнува, мислиш некоја врвка е што ќе пукне, ќе му се скине.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- На сиромав, вели војникот, ни сиромаштијата не можеш да му ја земеш, И после се скина фронтот секаде. - Толку беше, си рековме. 212
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Танко им се сучи работата, вели, брзо ќе им се скине конецот...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се скина некаде жицата и не побараа да видат кај се скина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На едно место ќе се скине, на друго ќе се наврати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговиот лик смешно се одрази во студеното огледало и се скина на невозможен начин.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во снегот околу неа се црнеат изгорените кибритчиња, дршки на ѕвездите што се скинале и паднале.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
17. СИРОМАВОТ СЕ ФАТИ НА ТАНЕЦ, ТАПАНОТ СЕ СКИНА - се селна, бедниот, се пушти и во себе побара вина.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
28. ПТИЦАТА СО КРИЛА, ЖЕНАТА СО МАЖ ЛЕТА - ој ти, мисло, ти дамнешна соломонска сенко, разгрни се, постели се, на увид биди сета - се скинало ли и во тебе тоа што е тенко...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
3. ОД ЗБОРОВИ ПРЕКУ ГЛАВА КАПАТА МИ СЕ СКИНА - секој од нас, мили брату, те разбира сосем, но штом капа си носел ти и лесно си минал што да речат, пак, повеќето гологлави што се...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Коњот пак, кога отиде таа да го погали, само што му ја стави раката на вратот кај гривата, тој за'ржа. Вервај, мене ми се скина срцево.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да се скинеш од јадење.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе се навали на една страна толпата и ќе се урне, ќе се скине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На секое пукање по една солза ќе ми се скине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И наеднаш нешто забучи, се скина народот ко вода, почна да се урева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се скине ко стадо овци и пак ќе се спои.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А не смее ни лист да ти се скине, ни прст да си пресечеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ленгерите на коработ од жал се стопиле, се скинале едрата, се урнало кормилото - морските бранови над капетанот Џек се склопиле.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Со фалење може сегде да се мине, со фалење може ѕвезда да се скине.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Молчеше и ги стегаше забите, а една жила му беше излезена на слепоочниците и убаво се гледаше како силно му чука, како да ќе му се скине секој момент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)