се (зам.) - скроти (гл.)

Никој не веруваше оти епикуреец може да се скроти со културата на трудот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Брановите на рекичката се скротиле пред влезот на Националниот театар „Иван Вазов“ во Софија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, за да се скроти неговата страотна дивост морало да постои поголема сила и од него што ќе го натера во јарем и ќе се движи по новата бразда.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татко му и мајка му мислеа ако го женат ќе се скроти, ќе се измени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како да се скроти таквата опака жена? Да се пердаши ли, тоа ли?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од допирот со јагненцето, од чувството што ја зафати додека тоа го празнеше нејзиното набрекнато виме, што веројатно неисцицано ѝ причинуваше болка, овцата се скроти, а по малку, иако претпазливо, си дозволи да го лизне по опавчето туѓото јагне што го смукаше нејзиното млеко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, штом го сместив во прегибот на левата рака, галејќи го со дланката на десната, со која целото можев да го поклопам, мачето се смири, се скроти така што, мислиш вели: Мене овде ми е убаво!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога разбра Профим дека Девица се скротила, му рече на Полина: „Ти реков, и мајка ѝ беше таква“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Толкав грев сторен врз братот роден се притаил во езерските длабини, та водата не можела да се скроти.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Избегала... Та го создала Белоно Езеро. Ама и таму водата не се скротила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Го раскрвавив, ама тој не застана додека најпосле не успеав уште еднаш да го удрам по глава, ама овој пат салам го удрив и падна. Се скроти мајчиниот...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Знам, мама тоа го помислила, ама не го кажува гласно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се скроти?“ ме прашува тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)