се (зам.) - слуша (гл.)

Звукот на крцкање на тркалата е застрашувачки, само тој се слушаше во таа мртва тишина и магла.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Силен пукот од бомби се слушаа од блиското село Арачиново... Го гранатираат...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дури и се слушаа гласини дека: Балканците треба да направат историски чекор кон културното, политичкото, социјалното, технолошкото, економското и кон финансиски поефикасен облик на организација- во спротивно ако тоа не се случело ќе следел нивниот масовен егзодус- па од Балканот со егзодус ќе заминат спрема Запад, а во земјите на Балканот, ќе останат шака интелектуални дебили, со политичка власт и економска моќ- опиени болесници кои ќе управуваат со Балканот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека ги бараше вистинските зборови, се разгласи сета маса на плоштадот и повеќе ништо не се слушаше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ноќната тишина ја сечеше острото и нерамномерно дишење на заспаните деца, а, одвреме-навреме, се слушаше мекањето на козите од блиските соседи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Гласот на рожбата и мекањето на козлето се слушаа едновремено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тито – Чанга! – се слушаше на сите страни, како во времето кога се извикуваше „Тито–Сталин”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа е една сугестивна музика што делува непосредно на потсвеста, иако не се слуша.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Целата оваа прекрасна глетка зачинета е со маѓесна музика што не се слуша.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас со сета сила викам дека лажат, но гласот не ми се слуша. Смешен сум. Боже какво лицемерие.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Калфите ги отвораа ќепенците на дуќаните. Овде-онде се слушаше нивното тропање.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во дворот на солунската гимназија се слуша врева и џагор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Благодарам, мајко! - одговори Гоце и тргна... Оддалеку, во училишниот двор, веќе се слушаше детски џагор и викање...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Откај бунарот веќе се слушаа тапите удари на копачот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На онаа станица одново се слуша, „О, каков прекрасен свет“, а на друга, преку две вртења на стрелката: „И јас ќе останам со вас во чамецот...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Си зборував и се слушав сам себе си, во себе, никој друг не ме слушаше. Изгубив време.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зад мене сеќавам како шумоли реката што го дели Маказар на два дела и оттаму, преку, вчера се слушаше влечење на пила и ковање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пушење. Во оваа група спаѓа и Shoulder, како и Space (“крупен план на шанкот на бифето додека рацете од време на време ги преместуваат чашите, а пригушената конверзација се слуша од позадината”).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Хенри Гелдзалер наведува како Ворхол го ставил пред вклучена камера и за време на снимањето пуштал плочи, телефонирал итн. додека тој пушел томпус позирајќи за портретскиот филм кој го носи неговото име, но исто така можел да се вика и okno.mk | Margina #15-16 [1995] 101
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со говор што не кажуваше прецизно, со искази што само навестуваа и оставаа празнини како во голема сложувалка што не требаше докрај да се пополнува, а на која ѝ се насетуваше сликата.  Се сети на сложувалките што како дете брзо ги решаваше.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од продавницата на радија, се слуша меланхоличниот глас на Зара Леандер. Мириса на парфеми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Некаде почнуваат да се слушаат пишталки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ќе те пуштат и тебе...“ - му рече Готлиб додека се слушаше отклучувањето на вратата од карцетот.  „Мислиш?“ „А што ќе си им тука?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Елеазар бен Цви ги гледа тие слики на уште една жртва на предците, ги гризе сувите усни и ниша со главата опфатен со ужас додека во затемнетиот коридор на авионот се слуша длабоко дишење на патниците, а над Атлантикот владее длабока ноќ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И тука се сите, сите, сите: децата, Цви, неговите, нејзините родители дојдени на посета кај сватовите и таа облечена во фустан со ведар дезен и прекрасна берлинска шапка по последна мода што не допушта во очите да ѝ бие сјајното галициско пролетно сонце... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Едновремено се слушаше песната Килао ное, што Шабтај ја разбираше како да се пее на ладино: „Нему – велеше песната – нему му припаѓа честа и славата“.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Овде ги има од сите страни на светот, од сите раси и нации - од негри до Кинези; се слушаат најразлични светски јазици, иако насекаде ве следи францускиот, англискиот и германскиот јазик.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Една старичка клечеше пред една исповедалница, не се слушаше што говори, за што се исповеда...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од секаде се слушаше мајчиниот јазик и тоа создаваше домашна атмосфера во експресот, како тој да ги сечеше австриските Алпи и широките рамници посеани со фабрики од Салцбруг кон внатрешноста на Германија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сепак има една надеж: се слуша дека Дедо Мраз ќе им донесе на софијанци поголема безбедност во движењето по улиците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секаде има шум, со шум си заобиколен, тој не те напушта и во длабините на градскиот парк, а како ехо се носи и се слуша и во пазувите на Витоша.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ВО БЕЛГИЈА бев можеби во еден од најубавите краишта, во таканаречените Белгиски Ардени, кои се слушаат откај француската граница, па сè таму кон Луксембург и постапно кон Уј, кој потпаѓа под широкиот регион на Лиеж, далеку на деведесет километри на југ од Брисел: практично сето тоа се наоѓа на еден многу значаен крстопат - одовде се делат патиштата за цела Европа - Германија, Холандија, Луксембург, оттука минува главната магистрала, која Белгија, покрај Брисел ја сврзува со Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некако, како од длабина, се слушаа извици на демонстранти кои бараа да се прекине војната во Виетнам, извикуваа против амерканскиот империјализам, против Никсон кого го споредуваа со Хитлера и го наречуваа убиец на светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Без патен налог и патна сметка - се слуша шегата - „такси-службата нема да го превезе дури ниту Дедо Мраз, кој во градот доаѓа еднаш во годината“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дуќаните се со затворени ќепенци, тезгите на пазарот се покриени и затоа не се слуша и не може целосно да се почувствува зазбивтаниот пулс на ова морско пристаниште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Ура! Ура!“ Се слуша низ улиците) Ете, борбата започна.. .
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Се слушаше како шепоти молитва, како се крсти, дури најпосле не легна со тешка издишка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ништо не се слуша, само тие потврдуваат нешто со главите како што дава старата такт со бастунот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пуштив музика да се слуша до Влае и заиграв пред публиката моја – книгите, кои ми аплаудираа и ме викаа на бис, како да сум ги напишал јас сите.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
„Египетските свештеници дури и боговите ги величаат со помош на седумте самогласки, и тоа така тие да им звучат наредено, па наместо аулус и китара поради нивната складност се слушал звукот на буквите“ (Дорнснеф).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Низ прозорчињата се слуша задушливо плачење и лелекање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Демневме затскриени: немаше човек ниту зад зградата ниту на некој прозорец.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Да имаш другари - тоа е нешто чудесно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Стоејќи пред затворената врата од под маицата ја извлеков врвката со клучот и отклучив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се слушаа само детски гласови.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Почекајте! Веднаш слегувам!“ викнав. Брзаница се облекував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мислев, ако погледнам во директорот од очите ќе ми ги прочита имињата на Анче, Ташко, Влатко, Дејко, Љупчо - и другите што ги знаев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Низ прозорецот се слушаше налутен глас: тоа дедо Коле пак викаше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ништо друго не ми е познато. Навистина не знам...“ реков, а гласот ми се слушаше не мој, туѓ.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Гледате - шрафцигер. Ама да не мислите ќе отшрафувам. Шрафцигерот го потпикнувам под амблемот, натиснувам и - го откорнувам. Ќе оперираме еден по еден.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Сам отворам - сам затворам... си промрморев, при што не се чувствував ни малкуцка славно, туку со нога ја турнав вратата, сама да се затвори.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тишина... да речам - дури штама во станот... се слуша само рамномерното чукање на ѕидниот часовник.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Јас одговарам за тоа што го напишав“, реков гледајќи низ прозорецот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
кога има големи пожари секое магаре во Македонија си мисли дека неговото рикање најдалеку се слуша.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Наеднаш почнува општо срцебиење и наместо музика се слушаат острите завивања на сирените на итната медицинска помош.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Колку ноќта навлегуваше, толку топовите појасно се слушаа, а околу полноќ јасно се распознаваа и пушките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аха, — промрмори Тренков. — Треба Никола во Крушево да се расправа со агите, не ќе бидат оние молњи од Прилеп, — ја приближи тој вистината и цела ноќ престоја потпрен на пушката под високиот даб на самиот врв на Становица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе од нив се слушаше: „теслим, бре, кумитлар“, и сите под команда почнаа да стрелаат во чуката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура на две жици. Со неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. Не знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го носеше, како домаќин, прв да почне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Претстражата од Сугаревата чета мораше да се јави прва.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога го залепи ушето на дупчето сосема јасно го слушна шепотењето од комшијата. Му прошепна и тој на дупчето и разбраа двајцата дека се слушаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само кога е убав сончев ден убаво се слуша и небескиот ѕвон – последниот отпоздрав на јагнето со ѕвонче околу вратот коешто кондорот го повел на куса прошетка низ вселената, од поблизу да ги види ѕвездите пред да си ја изврши редовната утринска служба научно наречена чешање на мешината по спаструвањето на внатрешноста на телото.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во минатото низ повеќето маала се слушаше џагор, но новото време ги закатанчи децата пред своите компјутери па дружењето најчесто се одвиваше по вештачки пат и преку социјалните мрежи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој шум ни беше познат: меѓу два влечкави чекори се слушаше и еден ѕвечкав, светол, метален звук - бастунот на дедо Симон ги испитуваше нерамнините на патот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога почнуваше да фучи бурата, се дереа дечиштата како глуви, не се слушаа повеќе...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Покажа со главата кон колибата, од каде што се слушаше ’ркањето на заспаните луѓе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се слуша само млако удирање на часовникот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нивните хумористични емисии понекогаш се слушаа повеќе и од политичките говори.  Не само кадровикот, туку и директорот требаше поначесто да ги зауздува преку уредникот да не претеруваат, да не му наштетуваат на опшеството, да не му поставуваат непотребни сопки во неговиот бесконфликтен напредок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во библиотеката го чекаше стоплениот стол, отворената книга и незаинтересираните тилови на другите читатели, наведнати над својот дел од масите додека во тишината на читалната се слушаше само повременото превртување на страниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зар не мина веќе еднаш нивното време? Се слушаше од сите страни.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Името им е дојдено поради плусокот што се слуша кога јаготката се кине.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И кучињата и момчето, изморени од тишината во која изгледаше дека се слуша само паѓањето на снегот, ги наострија ушите, фаќајќи се за тој ненадеен крик како за нешто многу интересно, нешто многу пожелно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поминаа покрај колибата од каде се слушаше кашлањето на дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред да тргне кон плевната, каде што се слушаше блеењето на овците и мукањето на кравите, уште еднаш влезе во колибата, ги спотна гламњите во огништето и стави една цепеница врз нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од дрвјата, зад кои се засолна џипот, Бојан веќе не можеше да го види, само знаеше дека џипот застанал, бидејќи бучавата од моторот веќе не се слушаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од долниот дел на плевната, кошарата, сѐ поупорно се слушаше блеењето на овците и мукањето на говедата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Улам зашто отиде со рака на усните за ништо да не се слуша улам на твоето латинско име заробено во некое ѕвездено доба на дамнината, улам на овенатите плодови на твоето молчење, улам на далечините градини на Азија и на морето низ кои набркани се спуштаа Адам и Ева, улам на дождот што тропа врз твојот сон улам на тебе и велам симни ја раката од усните во нивната древна усама да преноќам.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога навикнавме на таа едноличност, на тоа сивило, вторникот во бавчата се раздени добиче што тонеше в земи, слепи близначиња шетаа по дворовите и пееја, и така, Ноќта ми се пристори некоја небесна тишина во која не се слушаше ништо освен оној вечен звук на земјата дури се врти.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Ване, стани сине, донеси некое дрвце однадвор! - пак се слуша гласот на мајка му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ало! Од слушалката никој не му одговори. Само се слушаше - Ти-ти, ти-ти...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Поминува извесно време. - Ване! - пак се слуша гласот на мајка му. - Што сакаш? - Иди синко, купи леб.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Еве, се слуша како ја отвора вратата од претсобјето и слегува низ скалите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се слушаше свисокот на острата коса низ тревата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој поп голем шмеќар е. Се слуша тие го отепале и стрика Анѓела Јанчески, ама оти вие велите дека стрико Анѓел си умрел од своја смрт, јас ви верувам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некое време чекаат да се отвори портата и да ги прими внатре на Имотот, а потоа однатре, од зад портата, се слуша гласот на Васила Митрески, тој е втор доверлив Максимов човек на Имотот и дека е алипен на едната нога чувар е на сиот куќен имот Акиноски, па затоа единствен тој во овие погани времиња ги има во себе клучевите од сите имотски порти и визбите: Вие сте, господару, прашува Васил. Ние сме, вели Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многу неволи ни направи, вели Костадин Дамкоски, а ние во писмото до султанот него го бараме за да ни биде свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се слушаше само аргатското: Дииијјј! Ајде, ајде, машко! Или: Одврши! Или: Заврши!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите, и жените, та гласи тажна ека и навева сал коб и зла?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Знам, свето е за херојство и подвиг да се слуша ... - Сѐ молкна. Сегде тивко е ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Брзајќи биволите спотнаа. Сѐ уште така крцкот се слуша по ридје.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
(Се слушаат чекори на жетварките). Жетварките се. Слушај, Ано, не ги носи овдека, сакав да кажам не ги викај ваму.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По цел ден се слушаше нејзиното: - И - и - ш, к-р-р-р! И-ш... Нас не нѐ бркаше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Од старата кафеана во соседната улица се слушаше појака врева, придушено тропање на дајре, женски пискотлив глас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од соседната улица се слушаа звуци на тамбура; се извиваше некаква заплетена турска мелодија, долга и пострашна од крива сабја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оддалеку веќе се слушаше доаѓањето на возот, кој трубеше речиси постојано и јуреше, како и секој експрес; јас стоев на пругата и почнав да врескам: „Слегувај, Лудвик! Слегувај, за име Божје!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гледавме во штичката, во дрвото што ја говори вистината, а од неа глас не се слушаше, оти вистината често и со молчење се открива.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Светлина што се гледа со срце, а што се распаѓа на бои кога се гледа со разум; музика што се слуша со срце, а што се распаѓа на гласови кога се слуша со разум.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Настана тишина гробна, во која само се слушаше како отец Стефан Лествичникот мласкаше со усната, во небрано ставен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го напрегнав слухот да слушнам што зборуваат, но ништо не се слушаше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се слушаа само нашите чекори по тешките дрвени прагови на пругата; владееше ужасна тишина, која ми ги смируваше сетилата, што ми беа растроени од пијанството под врелото сонце на Стоби.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не попусто се вели дека од Небесното Царство се слуша музика рајска; а музиката од гласови, а не од зборови е сочинета.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нашите весели цивкања и смеење се слушаа дури в село.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Од секаде се слушаа споулавени, диви, претсмртни крикови на ужас и уплав и помош од никаде.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Бегајте!!! – се слушаа гласови што се губеа во бучавата на авионите, кои тој ден и наредниот не го напуштаа небото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога ја преминавме границата и кога до нас не допираа експлозиите на бомбите и не се слушаше бучавата на авионите, тогаш почувствував голема празнина. И болка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ковчегот е ставен и колата поаѓа и ние зад неа тргнуваме молчаливи на почетокот, а како што се должи патот до последното почивалиште, се погласно се слуша крцкањето на протезите, некои подзастануваат да земат подлабок здив, други се поддржуваат под рака и така почнува нов разговор за тоа што беше наша младост во времето – невремето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Колку ли пати пругоре и прудолу трчавме со ист чекор, во кој мораше да се слуша само едно крап-крап-крап...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само кафе варено, би рекла печено на спуза е вистинско кафе, а кога се пие треба да се слуша и сркањето или шмукањето и потоа долго вдишување и издишување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Брзо, брзо, брзо, терај, терај, трчај, трчај брзо, не застанувај - се слушаа гласови кои беа надвикувани од луѓето од кои едни во трчаницата паѓаа, други ги прескокнуваа, ги газеа, се довикуваа и се бараа, се слушаше плач и врисок на мали деца и крикови на жени, рикање на говедата и блеење на овците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вратата се отвара со тресок, и сега во позадина јасно се слушаат звуците на блех оркестар, како полека се загрева.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Тивок полжав Транзисторот Кога појдовме в град по вода, кафе и цигари (во Ѓавато нема продавница) купивме и едно транзисторче на батерии, од оние на кои некогаш се слушаше народна музика на излети, или натпревари пред зграда кинеско, само 250 денари.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Еве, поминаа неколку денови и мачето веќе не се слуша.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Пискање на десетици луѓе се слушаше од сите страни.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Седевме без да зборуваме ниту да се допираме и се сеќавам дека помислив дека повеќе не сакам да се расправам со тебе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но ние, како и обично, се каравме, овој пат за некоја поетеса што се самоубила и чија што поезија ја читаше ти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Радиото беше претивко за да се слуша, бришачите шушкаа од време на време како да се возевме, а прозорите беа замаглени како да водевме љубов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кажуваше дека навечер, од собата во која спиеше Хајнерле, се слушало нешто како шепотење, или како пеење, или како липање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во собата се слушаше тивкото плачење на Марта, помешано со ѕвекотот на ножот и виљушката кои се тресеа во нејзините згрчени раце и удираа од чинијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога влегла во собата, видела како неговите усни бавно се поместуваат, испуштајќи едвај чуен звук, како да пее нешто неразбирливо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Есента таа година од Берлин пристигна сестра ми Марие, неколку дена откако ќерка ѝ Марта се имаше фрлено од еден мост во Шпре, во која неколку години пред тоа се беше удавил и син ѝ Теодор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Велеше дека дење, напладне гледа пламени на небото кои паѓаат како ѕвезди опашести, и оти тие на земјата се претвораат во стебленца светлина што не може секој да ги види, и дека околу тие стебленца се слуша чурлик на канарки кој не може секој да го чуе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој свиок, веднаш ќе видиме, ќе донесе промена во дескрипцијата: „Водите удираа првин во стените од едниот рид, потоа во другиот, од што постојано се слушаше некакво чудно шумолење...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На полноќ се слушаа ледени кристални гласови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Однатре се слушаа кликтежи на орли и с’скање на змии отровници.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Некоја набожност трепереше во воздухот. Ни глас ни викот се слушаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Се слуша дека овие страшни, неизлечиви епидемии се негово масло, дека крвавите наезди на источните фанатици ги предводи лично тој, престорен во белобрад старец со огнен поглед или во генерал со наежени мустаќи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се слуша дека во летните квечерини од реката изнуркуваат летачки змии и отфрлајќи жарчиња во форма на крлушка од крап, се упатуваат кон шумите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие ќе исчекуваат. – Кој е? – Ќе прашуваат. – Изгубениот гостин – се слуша мојот глас. – Што бараш тука? – Невидената насмевка – одговара мојот глас.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Иако од шлакнатите сѐ уште не се слуша ниту оф ниту леле, мислам дека ударот- плас нема да заврши без ехото- плаааас!
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа свирка му помина некако замаглено и цело време погледнуваше во тапанарот, оти му се чинеше дека тапанот се слуша погласно отколку што треба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Сè што сега знам е нецелосно...“ повторно прозборе старецот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа, некако преку ноќ, почнаа да се слушаат други приказни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во колибата сега се слушаше само придушениот плач на оној покрај ѕидот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека Неда е во кујната, во вратата се слуша клучот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Зачекорува внатре. Штом ќе влезе сосем, се слушаат неколку истрели.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Повторно пие. Овој пат со цврста намера да го испразни до дно. Токму кога тоа и го чини, на вратата се слуша ѕвонењето, со договорениот знак.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Гледајќи го таков, Неда застанува пред него; како заштита. Дури со третото ѕвонење се слуша гласот на Милка.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Одлично. Ене го и пајтонот. (Се слуша пристигнувањето на пајтонот и неговото запирање пред куќата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се слуша паѓањето на човечко тело врз земјата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас еве седум години сум терорист и уште така сигурна рака не сум видел. (Се слуша клучот во вратата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: Ти се молам, престани. (Надвор се слуша автомобилска сирена.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Онемете вие еднаш бранови на дивите црвени води, што притискаат под кожата, зашто ќе препукнам веќе и никогаш не ќе се слуша песната на гулабот што одминува...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Се крена долга и дива викотница, врева и бука и само се слушаа нетрпеливите до хистерија извици на Авдотја Инатјевна, која велеше, „Ама побргу, побргу! Ах, кога ли ќе почнеме од ништо да не се срамиме!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Еспадата, господине, тоа е чест!“, извика генералот, но само јас го чув.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една прекрасна тишина, во која дури се слушаше како потплуснуваат сребрестите одблесоци на дрвјата, неа ја нарушуваше само понекогаш познатиот питом шум на неговото ѓаволесто срнче, што ги одбираше покревките сламки од сеното, со кое го нарани кога стана, тука, веднаш крај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега длетото копа и во теснината се слуша брзото дишење и триењето на телата и рацете.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Не ми се слушаат евангелиски мудрости! - одговори Арсо. - Ќе ја пробијам, да знаеш!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Особено јасно се слушаат ударите кога чекорите идат точно над нивните глави.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Навечер улицата стивнува и во нејзината теснина се слушаат само ритмичките чекори на стражарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во тој страв, сам од себе, од грлото на жена му излетуваше глас: „Помош! Помош!“ Но во бучавата на брановите ништо не се слушаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дури и гранката што го тресе, надвор, снегот, се слуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од зад црквата се слушаше кукање на кукавица, од селото доаѓаше пеење на петли, прилајување на кучиња и денот стануваше уште повисок.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се слуша офкање и газење. Гледам само сенки се меткаат околу тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што им прегрешив и на луѓето кои не ги познавам, велам самата пред себе, а околу мене само так-тук, так-тук се слуша чукањето на секирите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се слуша само некое чкртање на болни дробови, нечие пискање на носот, како на врбово свирче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И првкањето на говедата и клоцањето на луѓето во сонот и миризбата од нивните испотени мишки и собуени објала и чорапи. Сѐ се слуша, бре, ама сѐ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Горе, на небото, под сонцето, Се слушаат крикови, павкање и крцкање на крилја, како трески да се кршат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сам си велам, сам се слушам. Се искачуваме нагоре, на планината, а таа висока, камен да фрлиш од врвот нема кај да падне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам уште колку ноќи, потоа, од сретселото се слушаше кучешко завивање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога се слуша сѐ, мислиш дека и сѐ се гледа. Маки мачеа тие луѓе со многу луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од училиштето се слушаше: Здрав желаем, ште стареем, за кого живеем, за Б’лгарија, ура, ура, ура!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се слуша „јуриш“ ! И излегуваме од окопите. Одново се пикаме во шумата. Шумата јачи, татони од „урааа“ !
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Старији мора да се слуша! За кога чуваш, бре паре, кад Србија пропада?! Мешај карте и дели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се слуша, мислиш одново колат човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Влегувам во џандармеријата, а однатре излегуваат лелеци, пискотници, Се слушаат дури на патот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Заборавивме дека треба да молчиме, ѕвонец да не се слуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не се уморени, и ако заспијат сонот им е плиток: на секое лавнување на кучињата се разбудуваат, се превртуваат и поткашлуваат. Сѐ се слуша во тие зимски ноќи. 32
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето викаат, офкаат, се подземаат гласовите, лелеците. Се слушаме, сѐ е до нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И гласот долго време му остана во долот, да му се слуша, да му се одзива: „оф, оф, леле, леле, оф, оф“ Едно стемнување и ќе му се крене гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и само коси, цело поле трешти, небото се тресе, мислиш на тебе ќе падне и се слуша само едно долго виење, еееее, јачи и плаче, ко мало детуле, и војниците како што одат и како што гинат само ау, ау, ау, викаат и едни паѓаат, а други се меткаат наваму и натаму, не знаат кај одат, чакалот им влегол в очи и ослепени се и од двата полка само осумдесет души не загинаа, и тогаш собув еден мртов Англичанец, ама старшијата ми ги виде чевлите на нозе и оди кај оди ќе ми се испули во чевлите, ништо нема загубено, а бара, и, кај ги најде, бре, ботушите што ми ги купи башта ми, вели, зар татко ти е Англичанец, му велам, и тој одвај дочека да го налутам, нема арамии кога сите крадат и почна да ме тепа, преку нос, преку очи, и мсне светкавици ми играат и после многу ми се стемна и го гледам како 125
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По некое време се слуша и тропање на вратата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гровна бомбата и се слушаат само пискотници, машки лелеци. Ајде сега бегај назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговиот внатрешен метеж ги обземал и другите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто се патува по невиделица, зошто не се слуша гласот на видовитата и од господа почитувана старост?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не е веќе оној Пецо. Ракијата му ги изгорела џигерите. Лежи и вика, добога се слуша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се слуша биење на камбана од далеку).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ја куашт!... Ги гледаш?... (се слуша песна која што ја пеат Арнаутите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сам со себе ќе се изедам! (се слуша јако и непрекинато чукање на портата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Е, сега веќе ќе ми заличи куќава со невевчето. (Од далеку, а постепено сѐ поблиску се слуша свирење на чалгија и пеење на песната): Затропале тапаните Да ми одат по невестата, (Румба, румба, румба, ба, рефрен (Лиду, лиду, лиду, ду.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мене ми треба здравје, младост и пари: И пари!!! (се слуша биење на градскиот часовник, брои гласно).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: (кинисува и подзастанува). Како врева на улица не ти се слуша ли?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Така ни порача мајка ти. (Се слуша чукање на портата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Се слушаме на телефон! - двајцата си ветија речиси истовремено.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Искрено, Снежана, прво многу ми е драго што повторно се слушаме, што ми делуваш среќно и што си близу до нашиот крај...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овие мрачни мисли беа прекинати од звукот на бродската сирена која се слушаше од блискиот Дунав.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Звукот на екагето се слушаше со паузи. Притисокот нагло почна да опаѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се слушаа често. Неколку пати заедно учествуваа на неколку планинарски експедиции.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Солза по солза извира се тркала, паѓа.. Плач се слуша, нов живот се раѓа.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Неговиот задув се слушаше уште од градите. Беше страшно да се слуша тоа крцкање и потсвирнување што му пустошеше во дробовите и низ дишните органи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од една огромна гумена цевка, прицврстена за железната мрежа, излегуваше бел чад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А Ѓувезија Дубровска остана така, замаено загледана во грнчарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не се слушаа веќе зборови на неверица. Напротив, некоја чудна одушевеност ги обземаше работниците, шефовите, техничарите, инженерите, небаре бевме сведоци на создавање на некое чудо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Често се слушаа пукотници. Го намалував тонот на телевизорот за да можам да одредам од каде доаѓаат пукотниците; од улицата или од телевизорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тивко попладне. Се слуша притаена музика и шумот на лисјето од пролетниот ветрец.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Трубите на градскиот оркестар се изморија. Уште само барабаните се слушаа. Најпосле и нивното баботење се изгуби.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Понекогаш, изморен од јулската горештина, ја губев од пред очи и беспомошно стоев, без да знам на која страна да појдам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Потоа сѐ се стивна. Останав сам помеѓу два реда куќи, од кои не се слушаше никаков глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Под покривите како да лежеа фараонски гробници во некој свет на мистерии.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се слушаа нивните неспокојни, испрекинати гласови, неуморно веслаа, јуришаа кон брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Минувајќи низ тој критериум она што некогаш се слушало, што се разбирало и сознавало, останало во сеќавањата и како готов јазичен материјал но, како што бидува со сите спомени од детството, станало амалгам, надополнет со сетнешни искуства, со нови сознанија и виѓавања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еден отворен прозор се слушаат чекори... одат онаму каде што си ти... далеку некаде лутаат да те најдат...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Јано, се нишаше и се слушаше себеси. Јано, сакаш ли да седиме пак на трева тројца - ти, јас и бронзениот поет? Кажи, сакаш ли?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Креветот беше прекриен со портокалова јамболија, до него имаше мала дрвена масичка и едно ќумбе на дрва во кое гореа неколку цепаници и чијшто звук се слушаше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Прозорците беа отворени и надвор се слушаше музика од куќата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се слушаше од блиската соба кашлањето на децата. Беа разбудени порано ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие мигови кога се жести моќта и величината на владеењето, се слуша вревата на полските ескадрони, урнебесниот пад на Отоманската империја. Така пишуваше Албер Ками...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Париз е најдобриот пример за тоа, но Ками запира на Виена, како град крстопат на историјата, кога одекнуваат ударите на историјата, има ноќи кога небото се покрива со крв, камените коњи чиниш ќе полетаат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се слуша, веднаш не се знае од која насока, некакво чудно квичење и никој од двајцата веќе не знае дали кон нив се доближува ѕвер со човечка болка во кучешка душа или човек со тага на пес во грлото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кара-Демир застенкува со слаб глас, потоа веќе ништо не се слуша.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во зачаденото жржорење меѓу наши познати брадосани парталковци, некои од нив со нож во појасот, луѓе на кои кафеаната има станала вистинска татковина за која се врзани сите нивни романтичарски прчења, очајувања или нејасни радости, Ибраим Ибраим ме обогатуваше со нешто одамнешно што секогаш, и додека се слуша и подоцна, излгледаше дека е измислено, исградено како мисловна архитектура со врелина и недостижна фантазија никната од почвата и дарбата на старите раскажувачи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Крие костур на убиен човек, се слуша пак некој.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од лево и од десно на кабината се слушаа измешани и неразбирливи разговори.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, од собите и до доцна навечер и ноќе се ширеа мириси на пот и парфеми, на пијалаци и сперма, се слушаа крикови на сласт, офкања и плачења.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од телекранот се слушаше писок што ги параше ушите и што продолжи во истиот тон четириесет секунди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше рефрен што се слушаше често во моменти на преголеми емоции.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Скриени светилки ја преплавуваа со ладна светлина и се слушаше некакво тивко постојано зуење за кое претпоставуваше дека има некаква врска со доводот за воздух.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој момент целата група почна длабоко, бавно ритмички да извикува „ Г-Б !... Г-Б !.... Г-Б ! - повторно и повторно мошне бавно, со долга пауза меѓу првото Г и второто Б - еден тежок мрморечки звук, некако чудно дивјачки, од чија заднина како да се слушаше тупкање со боси стапала и удирање на там-тамови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никаде наоколу немаше ни жива душа, не се помрднуваше ниту еден лист, не се слушаше ни глас на птица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако доаѓа некој, се слуша уште од сто метри далечина.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повремено, кога некој од камионите ќе потскокнеше на патот, се слушаше тропање на метал: сите заробеници имаа окови на нозете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На луѓето им остануваше да живеат - и живееја, по навика што беше станала инстинкт - со претпоставка дека секој произведен звук се слуша и дека освен во мрак, секое движење се надгледува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одоздола се слушаше тропање на чизми, во куќата и околу неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако е речено, од Господа благословено и од светиите поткрепено од ровката земја сѐ нешто ќе из’рти, ќе пркне, ќе ботее, ќе класа, ќе дрочи, ќе зрее - песна ќе се слуша низ домата, низ селото и над Езерската шир.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И тогаш се слушаше кучешка песна што ја водеше тоа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Јадеа и молчеа. Се слушаше само џвакање кое одвреме-навреме го прекинуваше Кала.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
при одење главата им е поткрената, рацете им мавтаат, чиниш, пливаат; тие луѓе смело приоѓаат на сѐ, не се плашат од тешкотии, па дури често и ги потценуваат; многу работи превидуваат, но грешките бргу ги исправаат; ретко, или никако не бараат совети или помош од некого; сакаат да им се слуша зборот, да ги слушаат луѓето;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Сноп, сноп. Поарно е сноп! — се слушаат гласови одзади од собраната група.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Долното, горното, долното, горното, едното, едното! — се слуша од десетина сеирџии, кои со запрен здив чекаат Ристе да мавне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И почнуваше да се чуди. „Да краде, не се слуша, душко, чишчо по село!?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оттаму се слуша глас: — Не си а давам, неее!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште на пет чекори пред општината, а Дуче веќе чука со двете големи вретена на него: дангара, дамбара, дангара, дамбара, — мава Дуче колку што може и не може и знае дека далеку се слуша неговиот барабан, иако сам ништо ве може да слушне, бидејќи беше глув на двете уши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со пушки, пиштоли, јатагани, секири и друго оружје, па и камења паднаа на селаните со бесни викотници. – Удри, коли, сечи, тепај! – се слушаше од побеснетата толпа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од другата страна на преградното ѕидче се слуша слабата врева од внучињата на дедото Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од вагонот се слушаше само едно бодинање и едно Ух Ух Ах Оп, па едно плескање како кога плескаат петли наутро качени на плет и пак бодинање и она Ух Ах Ех Оп!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чана молкнува, сака да ја чуе мислата на Митра, а Митра не се слуша ни да дише.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чукнете го тешкото!... Тешкото!... (На даден знак со шамијата, свирачите почнуваат да го свират бавниот ритам на тешкото македонско оро.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И цветчињата овенаа, како што и самата венеам, мили домаќине!... (Оддалеку се слуша песната „Сите момчиња дојдоа...“ Радосно). Тие се!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЈОРДАН: Сполај му на господ. Да не се поплачам, ако не тече, капи. Ама капка по капка, море станува...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТРИКО МАРКО: (Со топлина), Тој е!... Караман Атанас!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Последен пат му ја стиснува раката и целата пребледнува). Ех, Симке, Симке!... (Се откинува од неа и се придружува кон групата). (Оддалеку се слуша песната на разделбата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Зошто не пеат?... Што значи тоа?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
(Сите групи се здружуваат во една. Секој вади од торбата по нешто за јадење. Додека се поткрепуваат оддалеку се слуша меката и болна мелодија на кавал).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Со приближувањето на тапанот се слуша и мелодијата на зурлите, придружена од пијаното пеење на Караман Атанас).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Ех, Симке! Од јагне си покротка, само од волк си родена! {Се слуша кашлање).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Знае дека сум болен... Нема душа... (Кашла). Викни му, Зафире, покроце нека чука.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сите, на глас, прочитавме: Ла Ринашенте! Ла Ринашенте! Ла Ринашенте! Ла Ринашенте! – се слушаше од сите страни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се слушаат мачките како се парат... Таму, многу далеку, врз стаклениот кров...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По ѓаволите беше неговиот „хотел”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ми вика така гласно...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Најпосле стигнуваме... Тука е! Ми го покажува својот дом, една куќичка на дното на градината... Неговата дупка на вториот кат...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се дере колку што може, се пали...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се слушаше уште од далеку: „Е па да му се сневиди! Печен е мангупот!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека светлото постепено се смалува, позади сцена се слуша глас: - Повикани сте да го проследите овој исечок од животот и за него да даде свое мислење.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Потоа клекна на гробот од свети Наум и го залепи ушето на плочата за да види дали се слуша чукањето на срцето на светецот, како што им рече игуменот, да види што може да значи тоа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Малечките бранчиња на езерото ја заплускуваа карпата на која лежи манастирот и се слушаше нивниот тих одзвук како чукање на часовник, како чукање на срцето од свети Наум.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа се слушаше само уште роморењето на дождот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од другата соба се слушаше будилникот. Неуморен ковач- време, мислев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во огромната челуст на тишината невратно се губеа притаени пцости, злокобно тропање на некакво железо, неразбирлив шепот и сѐ што не се слушаше, и сето она што сивите луѓе, го носеа под грло, зашто 'рбетникот на големиот организам на колоната беше скршен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега беа двајца, над две чаши, додека од улица се слушаше дека дождот остава зад себе во олуците ѕвонлива трага.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мајка повеќе не се слушаше во кујната.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сигурно се слушате по телефон. Се слушате?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Штурците таа ноќ се слушаа уште појасно и погласно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тропањето на камчето сепак се слушаше- доволно да ги нервира и недоволно да им биде згодно пак да се расправаат поради тоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Трајче стана од ендекот и погледна. Од камионите се слушаше офкање.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со пушките во рацете, двајца партизани се упатија откаде што се слушаше свиркањето од косот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Низ гората се слушаше чуруликање на птичките.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На брегот се слушаа едни божји свирки Што довикуваа дожд а се покажа потоп И по потопот сонце и несреќа многу потоа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
И многу кинвали имаше со земја покриени и се гледаше подолу едно златно езеро и се слушаше глас дека ништо не нѐ дели од затемнувањето Тоа беше ден на скитања.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Курта оди до прозорот. Штом ќе се појави, однадвор се слуша аплауз и скандирање на неговото име.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Курта, одамна нешто сакам да те прашам.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Микрофонот се повлекува. Од клозетот се слуша вресок. Излегува Малиот. Крвав е.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Брзината е сосема пристојна, сѐ додека не ѝ заѕвони телефонот на бирото. – Ало? – се слуша нејзиниот необично гласен сопран.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во таа мрачна долгнавеста валкана барака, „бившоста“ беше очигледна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дали тоа се слушаше смеа од една куќа осветлена од месечината?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од нивните глави се слушаше тивко, одвај чујно ѕунење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во собата продираа најразлични звуци: од тоалетот наутро се слушаше гргорењето на неговото порцеланско грло, од покривот лекото роморење на дождовните капки, од таванот итрото глувче што трча меѓу тајните прегради, а од под скалилата појот на канарката во нејзиниот кафез.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чекорите им станаа несигурни. Во неподвижниот воздух се слушаше единствено дишењето на натрапниците.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се слушаше долг, шушкав звук. Се обидувам да ја искосам тревата. „Не.“ Мама стоеше крај вратата. „Тргни ја косилката.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но, глувчето Цивко се плашеше, на пример, од некое празно истркалано кутиче, од орев, - море и од самата лушпа од оревот...и постојано се слушаше неговото пискање - цив-цив.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Си мислеше тогаш Гркот дека тргна по трагите на Александар Велики и не тераа да пееме небаре нашиот чекор веќе се слуша отаде Турција и веќе ѝ се заканува на Персија и преку неа на Индија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А потоа, во бараките и во коњушниците, од доцнина до ранина и од ранина до доцнина пробивно и долго се слушаат олелии.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Замавна со раката пред очи, чиниш со тоа движење растера сениште.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во другите вагони се слушаше песна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така еднаш цела недела небото ту беше црно, ту сиво, далеку се слушаа грмежи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште еден грч го стресува телото, се слуша воздишка и очите почнаваат да добиваат боја на матно стакло. И такви остануваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со шепите направив инка, собрав воздух и викнав: - Мамооо!!! - повторував и гледав како трчаа жените, како се туркаа и викаа, ама во таа викотница, во таа бура име не се слушаше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Реткото пеење во Прењес е како сновидување. Тука песна се слуша само од звучниците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бавно се подигаат градите, се слуша тешка воздишка, а потоа со јазичето си ги навлажнува испуканите усни кои притоа се собираат во болен грч.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не слушнав што му рекол ќелавиот Полјак на Високиот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Шоферот му мавна со рака и продолжи накај Прењес, од каде веќе трчаа луѓе и се слушаа викотници.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Уште едно ќе испијам, - рече тој и пак го стави шишето под шупурката. – Сакам петнаесет да бидат. – и Водата потече во него, стивнаа децата, та се слушаше само шуркањето на водата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Таму се слушаше само брмчењето на мувите и шушкањето на срповите што внимателно ги сечеа стеблата на житото.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Па, бидејќи сите зборуваат за него, го фалат, ги опишуваат неговите збеснувања, го караат и го клоцаат, викаат по него, па само се слуша неговото име, славата на Фигаро секој ден расте.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Некој продорно крикнува. Се слуша страшно чкрипење на кочници.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кога е Зоки Поки во бањата, по ходниците се слуша: - Фррр, пљас, фррр, пљас! – како некој кит да се преметкува во големото море.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Одовде се слушаат со восхит смерните и речити сончеви беседи при изгревот и залезот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
СПИРО: Веднаш, чорбаџи! Нацо! Нацо мори... Не ѝ се слуша, лисица! (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Сѐ ќутуци, околу мене, глуви, глупави! Да ме остават да се успијам. да задоцнам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Стариот Циганин не пушта од рака таков лов, таков гопем крап. (Од десно се слушаат гласови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО, ТЕОДОС, ПОЦКО, АМПО И ЦОНКА ТЕОДОС: (Доаѓа прв просто бегајќи пред Циганите кои идат по него.) Јас да бидам цигански кум, тоа ли е ред!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Уште борч... (Пак станува, гледа.) Ќе ја свршиме, не е лозјето зајак да избега... (Се слушаат свирки од далеку.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Кумашинците! Кој ѓавол бараат?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од далечините се слуша тивка мелодија на пијано и виолина страдивариус и нечујно буди сѐ што е скриено во најинтимното катче на заборавеното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Веќе ништо не се слуша, велам, и так, се прекинува врската. Се исклучи телефонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тоа, дека ноќе, се слуша којзнае до каде. Мислиш цела планина се урива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бегајте да бегаме, се слуша и ние отстапуваме назад подбркнати од пукањето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, од брзо зборување, речиси не се слушаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И само што почнавме да јадеме, само што се фативме за лебот, што се вели, однадвор почна да се слуша тропање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Возот почна да подзапира, се слуша за големи намети на пругата, за длабоки соспи снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со едната рака ќе го удира, а со другата ќе му ја затвора устата за да не му се слуша плачењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од сите страни се слуша свиркање, дуваат стражарите, пиштат празните ходници. И оданде, и одавде, од секаде...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одбиј, одбиј! Кај да одбијам, на една нога стојам, се слуша. Одбиј на глупост!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Кутрите колку страдаат, се слуша, може од болка го прават тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се слуша секакво оружје.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се слуша само липањето на Кира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, тоа пукање уште ми се слуша, си го носам со мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Вие сте ја заборавиле својата класна припадност, вели, вие сте закоравени националисти, вели, го губи умот од бес. „Само во празна глава не можеш ништо да туриш, велеше дедо, а празното најдалеку се слуша.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после се слуша само поединечно пукање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зборот му е за на рана да го врзеш, што се вели, толку многу му се слуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кажи ми уште еднаш, му велам, не се слуша убаво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти си, се слуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Молчат со откочени пушки, но срцето им се слуша дури надвор. Живот мила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се слуша некоја птица да пее во шумата и си мислам дека сум отишла во некој друг свет, во некое друго време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се слуша само некое цивкање на глувче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До никаде не му се слуша гласот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Санкарот шврка по коњите и само камшикот и прапорците се одглас што се слуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што знам... Мене така ми се слушаше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И социјализмот не може кивањето да го искорени. „И две црни очи што фрлаат оган, каде и да минеш за тебе се слуша...“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По шест дена и ноќи се слуша: Алма Ата!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
1. Војната се слуша, мене ми го даваат ,Капиталот", но не го разбирам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Речиси, сѐ е умртвено и се слуша. „Калинихта липон, сеафино.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пукањето како да подојдува, се слуша уште појасно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури свет светува, дури сонце грее ќе се слуша песна радост ќе се слива, Републико наша, наша братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
По пат долг и прашен од далеку вјасам, се наѕире село во зеленила цело, и шупелка ѕуни и се слуша гласот, пак во тебе мое, јас се враќам село!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Се слуша и се чита – само нејзиното име.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Потоа од звучникот се слушаа звуците на Болеро од Морис Равел.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Глас на епските ѕвона што се слуша ноќе, во зол час: високо – орлица, под неа – орница, на ортома меѓу нив – Ти!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И можеби, како во сказните, има ноќи кога сѐ уште се слуша детската смеа како ги наттрчува брановите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
(Соба. Дара, станата веќе од кревет, ја пали ламбата. Надвор се слуша пукање).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Во земјанката молк. Сал прскање на искри се слуша и дишење долго што распарува гради.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Браво! - се слушаат гласови од противничките ровови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ноќта лудува. Од сите ридови се слушаат долги митралески и автоматски рафали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И... дрвото погодено од шрапнел, прво се стресува, се навалува, миг стои, небаре размислува на која страна да падне, потоа полека - паѓа и сѐ побрзо паѓа и пред себе и околу себе собира сѐ што му стои на патот: бучи шумата, се слуша кршење, завивање и тресок.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Си спомна: денес е недела и ден молитва и почивка... Биење на камбани не се слуша.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Очите уште не затворени и почнуваат да хрчат така што се слуша да онааму... Одред ли е?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Молежливиот шепот се губи во болното офкање, замолчува, одвај се насетува неговото дишење и кога му се враќа свеста, тогаш со глас што одвај се слуша, тој пак моли, проколнува, пцуе...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јс ќе праша бегот дали ѓаурска камбана може да се слуша подалеку од гласот на оџата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Наоколу лежеше тишина; во тишината се слушаше како шумно удираат притките по застојаната вода, од време на време прелетуваше со гладен крик понекоја птица риболовка или штрк.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече зинува да праша, но глас не се слуша.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне. – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тогаш тој му се наведе до лицето, ослушна за час – во ноќта осем песната на штурците не се слушаше ништо друго – и му шепна: - Ќе одам на Младинскиот канал ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се слушаше рамномерно дишење на заспаните бригадирци.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Убавото поздравување е начин да бидеме поблиски едни со други, подобри, почовечни, па затоа, добри мои читатели, сѐ да сториме та насекаде и секогаш да се слуша: ДОБРИ ЛУЃЕ - ДОБРО УТРО, ДОБАР ДЕН, ДОБРОВЕЧЕР!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Преку овој ѕид се слуша што се договараат вашите родители да зготват за ручек. Тенки се овие ѕидови.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Од соседната мала просторија се слуша детски плач кој трае во текот на целата сцена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Се слуша истрел од сандакот. Гаврил одскокнува угоре, се руши врз работ. Дупка од куршум во слепоочницата.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас многу убаво пеев, гласот ми беше како ѕвонец и каде да работев, мојот глас се слушаше насекаде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Оздола доаѓаа луѓе, старци, жени некои ги носеа на грб зашто не можеа да одат, а најголемата врева доаѓаше од воловите, коњите, козите, кучињата што останаа заробени во селото: се измешаа сите гласови и се слушаше нешто страшно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Наслушнував, немаше гласови. Долго време седев а се слушаа само истрели од далеку, а никој не дојде торбите да ги земе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Командирот и заменикот на првата чета ги оставија раниците, па сметав дека бездруго ќе се вратат. Тоа беа нечисти раници и празни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Додека го открива стравот, додека се слуша последното биење на блиската камбана, тие се веќе од другата страна на реката, во уличката која, заедно со многу други луѓе, ги истура во дворот на црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И додека да ги нареди зборовите во одговор Така се слуша, мори Чано, сестро моја! а снегот почнува да паѓа во пластови и набргу ги побелува сите улички.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пела, стискајќи се во фустанот на бабата Перса, ништо не можеше да разбере од гласовите што се слушаа од секоја уста, ама затоа пак нејзините итри сини очиња ја видоа широката тепсија како плива врз главите на новодојдените полна дури со врв и покриена со некоја бела убава басма што некој , подоцна, ја нарече, свила, и таа тепсија сама од себе како да лебдеше врз главите и откако влезе заедно со тоа купче тела во дневната така набрзо излезе од таму и како да јурна во спалната и кога таа успеа да се провлече низ тие разлетени фустани и машки костуми, ја здогледа во празното врз широкиот кревет и во тој миг од страната на балконот како здрвена стои тетка Деспина, а една друга тетка, тркалезна во лицето со светилки во ситните очиња нешто ѝ зборува и ѝ подава шејови што ги вади од тепсијата и ги реди на нејзината десна рака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Излегуваа со гавазот и Бошко од Скопје, а уште се слушаше викотницата што го поздравуваше заминувањето на султанот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Гласот на саатот ќе направам да се слуша на два саата одење од Скопје, му реков, а ќе направам тој да чука и а ла турка, и а ла франка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зборуваа за зулумите што беа почести по селата, и за тоа што се слушаше: дека наоколу во шамакот се кријат ајдуци и дека треба само мал фитил за да се чуе нивниот глас.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се слушаше „ишала“ и „машала“, а зурли и тапани сосила свиреа некаков марш, додека еден келеш од другата страна на мердевините бесно тресеше дајре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зашто, веќе и така се слушаше дека во Блатието се собирале некакви ајдути и дека турската коњица таму везден патролирала.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше силна тишина. Се слушаше мувата која громогласно и громко леташе како да е царица на просторот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се пожали газдата се слушале викотници, се пуштала гласна музика, а во нивниот стан кој се наоѓаше веднаш под нашиот, сѐ убаво се слушаше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Добро, ако нејќеш да се гледаме, може ли барем да се слушаме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од секаде, од сите страни на гората се слушаше: - Оди си, оди си!...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се слушаа чекори, крцкаа под нив старите гнили прагови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)