се (зам.) - пари (имн.)

Налет да се парите што ги спечаливме, рече во една нервоза, во една паника Анастас, сѐ в џенем нека фати, кога излез одовде ни нема, и почна да купува пијалок, да пие, да ја труе душицата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И со една голтка ја испразнува чашката божем сака да кажеш ете ова се парите, си ги имал, сега ти го заматуваат умот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Па жалат ли се пари за ваков ќејф...“ - се тргна дајреџијата од моментното, предизвикано од постапката на докторот Петриќ, тешко чувство, му се насмевна на директорот и сам турна од масата една сребрена десетдинарка што беше падната пред него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но за да се живее потребни се пари. А од каде на Толета и Мачникот пари, ако не од некоја пљачка?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)