себе (зам.) - претстави (гл.)

Проблемот на генезата на алфабетските системи писмо треба да се разгледува врз широката заднина на филогенетскиот развој на писмото како такво и оформувањето на конкретно алфабетските писма од претходниот, старосемитски консонантно-силабички систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Играта на зборови сама по себе претставува суптилен коментар за функциите на јазикот, каде распоредот на согласките ги сугерира бројните потенцијални значења, а во исто време ú се потсмева на конечната дефиниција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така, феникиското, ханаанејското и арамејското писмо како три основни подвидови на семитскиот систем на писмо настанаа од старосемитскиот, или поточно речено, од протосемитскиот систем на писмо, кој сам по себе претставува консонантно- силабичко писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Макар колку луѓе да среќавав по движењето во центарот, па и по улиците на Келн и на неговата станица, која сама за себе претставува посебен град, не можеше да се забележи, барем видливо, дека овде навлегла макси-модата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)