себе (зам.) - содржи (гл.)

На систематизираната филмска сцена, човечкото тело и со повеќе од метафора ја отсликува сопствената биомеханичност која пак во себе содржи подеднакво ужасни и црнохуморни одлики.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оттаму некој речник на таканаречените синоними може да го даде совршен како синоним за идеален или возило како синоним за превоз но во никој случај не може да се каже дека постои комплетна еквивалентност, бидејќи секоја единица во себе содржи множество од непреносливи асоцијации и конотации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поседувањето е легално и покрај тоа што печурките во себе содржат псилоцин и псилоцибин кои се класифицирани во групата на А дроги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Олимп е Олимп, ќерко. Во себе содржи и убавини и опасности.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нашето движење е дел од постмодерното движење, и во себе содржи две различни струи: киберпанкерите и хуманистите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од сите ексцентричности на египетската лексика најизвонредна е можеби онаа, покрај зборовите коишто во себе обединуваат спротивставени значења, која во себе содржи сложени зборови во кои две реченици со спротивно значење се обединети во еден композитум кој го има значењето на само еден од неговите два члена кои го конституираат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
* Во април оваа [2011] година, беше издадена и втората книга: Штрајк – искуства и состојби 4 којашто содржи реални приказни на работници-синдикалци кои организирале штрајкови, а покрај тоа дава и историско-компаративна и позитивно-правна анализа на сите закони во Р. Македонија кои во себе содржат одредби за остварување на уставно-загарантираното право на штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овде се наметнува прашањето од кои причини југословенско-бугарската федерација толку многу ги вознемирила конзервативните духови на британскиот политички естаблишмент?
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако при крајот на 1944 година не можеле да проникнат во суштината на разговорите меѓу Југославија и Бугарија, сепак, претпоставувале дека меѓу нив се одвивала активност која во себе содржи две непознаници: формирање на југословенско-бугарска федерација и во рамките на тоа отворањето на македонското прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа е она „општествено-потребно значење” на доцнограѓанското општество: Нарцис, кого „социјалните игри” не го засегаат, кој длабоко во себе содржи еден изопштеник и освен тоа не ги почитува „правилата на играта”, кој не се држи до задолжителната симболичка идентификација, го презема симболичкиот Мандат и кој во интерсубјективните односи го заобиколува премногу интензивниот еднонасочен допир и му дава предност на универзалниот промискуитет, за кого примерот на социјалниот живот, „социјалниот успех” е манипулативно владеење со блиските луѓе и за кого жените се неизоставно посочување на „мајчинското“ над-јас, при што казната за неуспесите не е веќе чувството на вина туку непознатата мачнина и кон себе свртениот агресивен бес...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И затоа звучи како омраза и како одмазда кон својот народ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со овие зборови брат ми го започна своето последно дело, но „Мојсеј и монотеизмот“ не е само потрага по вистината; тоа е дело кое во себе содржи и негација: дека Мојсеј не е Евреин; и осуда: дека Евреите го убиле Мојсеј.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите овие нешта се само чисти претчувства и во себе содржат исто толку опасност колку и надеж.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сите моделирани организми се опремени со „хромозоми“ кои во себе содржат офанзивни и дефанзивни стратегии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)