себе (зам.) - дете (имн.)

УМНОТО ДЕТЕ - ЦАР Во една царшчина умрел царот и остајл по себе дете на пет-шес години.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Секогаш во многу нешта ќе се владеам слично на дете, но слично на оние деца кои што од почеток го носат во себе полнолетникот како што, кога монструмчето вистински ќе порасне, тој еднакво го носи во себе детето, а nel mezzo del camin се дава ретко миротворно соживеење на барем два пристапи кон светот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Водејнците биле многу, наредени една по друга, та детето, од страх да не влезит во ќосеата водејнца, се џарело и не знаело во која водејнца да влезит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Законот не дозволуваше тие жени, сеедно од која причина сопрузите ги исфрлиле од дома, да имаат право да ги земат со себе децата, доколку нивните мажи не ги исфрлиле и децата заедно со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзината осаменост и желбата да има покрај себе деца за кои ќе се грижи уште еднаш ја натерала да шета низ гробиштата, надевајќи се дека ќе наиде на некаква трага.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Еднош татко му го прашчал на водејнца, да сомелит брашно.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Клара им помагаше, но не го идеализираше мајчинството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)