себе (зам.) - трага (имн.)

Оставајќи зад себе трага од румени капки, таа се враќаше во јамата, да ја претвори лулката, своја и на својот пород, во гроб на еден крвав бес и на една страшна тајна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во секој случај, да не се очекува повеќе од дремка во сенка, додека сите трчаат да остават зад себе траги – врз хартија со замастилени табани, на систематски.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
По оваа рутинска акција, во која дигресивно ги придодадов и доказите од претходните истражувања, ја вратив насоката на реорганизирањето, со предумисла да го убијам денот оставајќи зад себе трага на асоцијативност - дека е неколку минути пред 12.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Коњаникот во часовникот го минуваше својот пат оставајќи зад себе трага на огромна празнина. Не брзаше нигде.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)