себе (зам.) - последен (прид.)

Популарната култура го обновува Еросот кој високата култура го беше потиснала, и така процесите поврзани со принципот на задоволство сепак не се само умртвувачки текови, бидејќи „барањата на Еросот се тие коишто како нагонски потреби го спречуваат опаѓањето на нивото и воведуваат нови напнатости“.7 Она што следи е краток преглед на неколку дела на британски уметници кои го свртеа вниманието врз себе последниве години, и осврт на референците што ја откриваат нивната поп-културна „втемеленост“ и којашто всушност овие трудови ги прави привлечни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не престануваш да се соблекуваш, ги фрлаш од себе последните крпчиња.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Соколе останува уште долго неподвижен така како што беше задремал, како да нејќе да ги отресе од себе последните мрвки од сонот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Меѓутоа, и самиот популарен код, со кој оваа уметност се напојува, функционира како реметење на принципот на константност кој го наметнува идејата за висока култура достапна на оние со „поистенчен вкус“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Не ти пречи овој мирис од нафта? - го извлеков од себе последниот остаток од добрата волја додека седнував.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)