себе (зам.) - цел (прид.)

Малку се израдува, кога виде како прокапаа капавиците од неговата стреа, но уште веднаш потоа виде дека и тоа беше само една слаба утеха, и дека беше потребна една многу посилна топлина, еден многу посилен замав на јужниот ветер, за да може да биде размекнат сиот оној дебел мраз, што го чуваше врзан во себе целиот свет, и што му ја скаменуваше и неговата мртва пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нејзината тајна му бега под прстите. Неговото лице ѝ бега од погледот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А такво согласување немаше, зашто Бугарија мислеше да си ја присоедини кон себе цела Македонија сама, без помош на другите соседни и на големите држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога последнава падна под Византија, Македонија беше слободна држава за извесно време и со успех се бореше против Византија и ја имаше под себе цела денешна Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Топлото и заносливо молење, од срцето длабоко излезено само кон небото вивнуваше, понесувајќи ја со себе целата топлина на душата и исцрпената моќ на духот исполнет со липтеж...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој со сигурност знае дека мора да ја има за себе целата, до последно делче, за да го склопи мозаикот на нејзиниот портрет врз измачувачки белото платно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој не беше забележал ништо од тоа, а потоа, откако се втурна во позорникарот, кој, раширувајќи ја околу себе целата своја халебарда, си тресеше тутун врз глуждестата тупаница, малку се созеде, и тоа затос што позорникарот му рече: „Што ми се пикаш в муцка, зар ти е мал тротоарот?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)