секаков (зам.) - вид (имн.)

Со оваа студија се покри големата празнина којашто беше воочена во оваа, досега ретко истражувана проблематика, но истовремено се демистифицираше и тоа дека, во реалниот живот, работ- ниците се соочуваат со притисоци од секаков вид за молчешкум да го трпат кршењето на своите права и да не организираат штрајк, со цел да стават крај на таа експлоататорска практика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Деница Кирова е од онаа, барем кај нас сѐ уште ретка, категорија работници кои храбро се борат за своите права, а со акумулираното искуство денес е особено спремна на секаков вид индивидуална борба за правата кои и следуваат од работниот однос но, сепак, таа со право додава дека синдикатите треба 142 да бидат главните организатори и двигатели во борбата за почитување и зголемување на работничките права. 1.  Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 21.II.2011, во Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, да биде иронијата поголема, овие кои молчеа и не се одважија да тужат си останаа да работат и понатаму како „инвалиди на трудот“, а нивните побарувања за на име хранарина беа дури и поголеми од оние на Кирова која нели, уште на почетокот на спорот, „доброволно“ го отповика решението за скратено работно време!? ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Изеде тони бишкоти од секаков вид, но тагата остана, душата не се задоволи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа и му се допаѓа ова вечно засолниште на интимата, бункерот на телесното задоволството, исполнет со свила и брокат, витрини од секаков вид и скапоцени украси во нив, сите одземени од угледните еврејски куќи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во таков еден будоар и со тие мисли сега се буди Максимилијан Мертен исполнет од инфантилниот сон и од страста излеана минатата ноќ и забележува дека нема мамурлак, само потешко будење, што сѐ заедно го припишува на мерката со која го пиеше екстравагантниот алкохол што тука, инаку се точи без ограничување и пред сѐ на исцеденоста од љубовната игра што толку благотворно го замори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во овој стар Солун, кој е ист како што бил некогаш, пред многу десетици години, во кој се водела старата трговија на ќепенци на тезги, се среќава еден куриозитет: трговија со отпадни делови на фрлени и катастрофаирани автомобили и тоа од секаков вид и речиси од сите светски марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Оттогаш, поетскиот јазик навлегува во секаков вид авантури.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На тоа место, и само на тоа место од сите места во Македонија, специјалистите (не се знаеше кои и за што) утврдиле дека природата зрачела многу редок елемент наречен од нив радон, кој лекувал секаков вид астма, во медицината познати од бронхијална до алергична.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Денунцијациите, од секаков вид, беа главната храна на полициските досиеја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го интересираат медицината, древните култури, вешта­чката интелигенција, но и змии, отровни инсекти, злосторства од секаков вид.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За да се отстрани секаков вид недоразбирање, притоа јас не ни помислив на некаков вид униформа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Централата се извиши над сите верски вертикали, над сите нивни ископани темели, како единствен и ненад­минат центар во кој се планираа жртвите и жртвувањата од секаков вид, интернациите на поединци и семејства на невино осудени на монтирани процеси.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Еднаш одамна и мајка ми ми рече дека таа лично животот го има ослободено од секаков вид вина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Шегата е примамлива мирудија иако не е погодна за секаков вид храна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-В ред, в ред - продолжи како да се двоуми - можеби и не беше првата што ќе ги забележеше ваквите промени, но таа прва ги соопштуваше и тоа секогаш со здржана возбуда ослободена од секаков вид горчина или грдо претчувство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"И потокот денес не трча весело туку одвај се влечка", ќе го соопштеше своето откритие.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сфаќам зошто и забрануваш да се замешува во нашиов разговор?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
“Вината треба да ја бараме кај нас, луѓето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Покрај тоа што одгледуваше пилиња, Милан се занимаваше и со секаков вид проекти, некои беа корисни, а некои беа само од задоволство на старец, кој тие нешта ги правеше само за да има со што да се занимава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По агресивните прескокнувања преку прагот, влегуваа во работилницата, и Милан се разлутуваше поради тоа зашто не сакаше тие да му ја гнасат работилницата, која беше преполна со секаков вид столарски алати и остатоци од дрва, алуминиумски ленти, конзерви со боја, четки за бојадисување, завртки и шрафови, што по големина беа класирани во стаклени тегли.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Насекаде имаше паркирани џипови, Дајцови и тенкови и секакви видови воен персонал, повеќето од нив во комбинезони, овде онде понекоја каки-униформа, и одблесоци од раздвижената лимарија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не се работи само за сатира на сметка на изведувачите, што се воопшто raison d'etre на MTV, туку и за безмилосен приказ на глупавите и асоцијални гледачи.” Beavis & Butthead се успешни затоа што им успева да ги антиципираат сите блазирани судови и лоши шеги што може да се изречат на сметка на толку очигледно циничното однесување, какво што е повторното прикажување на стари музички видео спотови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со оглед на нивната популарност веројатно било однапред јасно дека ќе ги обвинат за ширење на глупавост и несреќи од секаков вид: пожари, вандализам, запалени мачји опашки, итн.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со тоа не се согласи американскиот новинар Kurt Andersen, којшто во ревијата Тime напиша: “Можеби си имаме работа со најхрабрата емисија што кога и да е се вртела на државната телевизија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нештата со кои се занимаваме може да ги опфатат пробите на една или повеќе од три перформативни структури, секакви видови физички подготовки и исполнување на вежбата, движења...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еден ден, таму некаде во добрите стари времиња кога имав девет години а светот беше полн величествености од секаков вид што може да се замислат и животот сè уште беше прекрасен и таинствен сон, братучед ми Мурад, кого го сметаа за глупав сите што го знаеја, освен јас, дојде во мојата куќа во четири часот изутрина и ме разбуди со тропање на прозорецот од мојата соба. –Арам, – рече тој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од сите страни непрестајно стигнуваа жалби дека грбовите и рамената не само, да речеме на титуларните, туку дури и на најтајните советници, им биле изложени на сигурна настинка поради ноќното одземање на шинелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Братучед ми Мурад седеше на убав, бел коњ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наеднаш низ Петербург се раширија гласови дека кај Калинкиниот мост и многу подалеку почнал да се појавува ноќе еден мртовец со изглед на чиновник, кој бара некаков одземен шинел и кој, со изговор дека му е грабнат шинел, не обрнувајќи внимание ни на чинот ни на звањето, симнувал од рамената секакви шинели: и со крзно од фока и од дабар, прошиени со вата, бунди од енотово, лисичјо и мечкино крзно со еден збор, секаков вид крзна и кожи, какви што само измислиле луѓето да си ја прекријат својата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Речници од секаков вид во ова постмодерно време се само насетување на хаосот на заборавот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Монасите, на пример, се луѓе лишени од секаков вид искушение, дури и од храната.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од татковите книги, кои неколку години по неговото исчезнување ги зедов со себе на брегот на Езерото, при првото прелистување, ми проблесна наследената метафора, како некаков продолжителен мит во потрага по полнотата на изгубениот континуитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Покажаното насилство ќе биде плод на немоќта на тиранинот кој ќе бара во својот наум соучесници меѓу слабите од секаков вид.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука ја откривав и сложеноста на неговиот повеќекратен идентитет чии компоненти упорно се бореа наспроти големите балкански противречности од секаков вид за да ги помири во своето битие во хармонична целина, како што тоа беше можно во полифоното пеење на старите балкански народи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Идејата за доброто, особено за лошото, чие исполнување ќе зависи од тиранинот ќе предизвикува уживање или егзалтација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секаков вид на организиран бунт против Партијата, кој беше осуден на неуспех, ѝ се чинеше глупав.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таму има подмитување, протекција и рекетарство од секаков вид, има хомосексуалност и проституција, таму има дури и забранет алкохол правен од компири.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ ќелијата без прекин се точкаа затвореници од секаков вид: растурачи на дрога, крадци, бандити, црноберзијанци, пијаници, проститутки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го призна убиството на истакнати членови на Партијата, призна дека растурал субверзивни летоци, дека проневерувал јавни фондови, дека продавал воени тајни, призна саботажа од секаков вид.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Лондон постоеше огромно количество криминал, цела една држава-во-држава од крадци, бандити, проститутки, растурачи на дрога и рекетари од секаков вид; но бидејќи сето тоа се случуваше меѓу самите пролови, не беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со третото дополнување на ЗРО (2005), она од септември 2009, се воведе уште и стриктна забрана за секаков вид психичко вознемирување на работно место – мобинг.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За време на војната, во фабриката почнал да произведува делови за тенкови, авиони и секаков вид оружје. Станал еден од најбогатите во градот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
(Напоменуваме дека на повеќе места во спомнатите манифести тој инсистира сонувањето да биде ослободено од секаков вид следења, надгледувања или да не даде господ притисоци и тортури).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој Господар од светот на соништата лично му објаснил дека таму, горе, во неговиот свет, личноста е ослободена од секаков вид ограничувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сега сум со намера да те ослободам од секаков вид вина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе ти откријам: посакував, ако ми се укаже некогаш прилика, да избегам од мојот глупав живот, да заскитам будна ако е можно тоа, по некоја од патеките на моите соништа ослободена од секаков вид следења и надгледувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Описот на секојдневното однесување на нашиот херој ќе го надополниме со една специфичност која веројатно на многумина не им паднала в очи или ја избегнала нивната љубопитност: од вратот па угоре за Поетот (или во негово име) владее посебната поетска висока сфера, таканаречениот простор на имагинацијата и на ослободените намери од секаков вид туторства.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А беше противник и на секаков вид исповеди.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се чини таа се има подготвено за соочување со секаков вид изненади, оттаму и оној нејзин поглед на победник што не знае да изразува сожалување. Или му е забрането да го прави тоа?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Морам да признаам дека не сум сигурен како ќе изгледа животот ослободен од секаков вид зло? Дали случајно знаете вие?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се исплашив дека Јана ќе ја спомене онаа чудна ноќ што беше и причина за смртта на поетот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Умее тој и посложени нешта - рече Јана како којзнае колку да ме познава а нејзиниот ироничен поглед како да беше спремен за секаков вид напад, за предаство, па дури и за измислица.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Забележувам исто така дека лицето ѝ станува сериозно штом ќе стори обид да го смири неразумниот јазик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Евентуалното постоење на такви, за неа непознати случаи од љубовниот живот на Ролан, се чинеше дека се многу поважни од спомнатиот банален настан во дуќанот за сода-вода.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па, сепак, беше очигледно дека најавува спремност да поднесе секаков вид вистина, се разбира ако некој друг се досети да ја објави или барем да ја спомене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Уште пет минути!... Од дома... од дуќанот... од омнибусот, од таванчето... колку да се измоча... за да се нацрта уште побрзо во „Генитрон”... да се струполи тука, распуштен пред канцеларијата на де Перер...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Задишани... зашеметени... стегнати... од страв, да се размавтаат пак со нивната фиксидеја... да го удават пак Куртиал со нивните бескрајни загатки... секогаш и сепак во врска со „соларните мелници“... со соединувањето на „малите испарувања”... со повлекувањето на Андите... со движењето на кометите... сѐ додека остануваше и ронка воздух на дното на необичниот мев... сѐ до последниот трепет на гнасните коскишта... 138 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повторно во врска со признавањето на својот патент- систем, најдобриот, најхерметичниот, за секаков вид пумпи за точаци...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Значи, во оваа индустриска зона која се протега на неколку хектари се сместени магацини, фабрики, гаражи и претпријатија од секаков вид, како и една печатница каде што работи една моја пријателка во службата за експедиција и која е експерt во правење пакети. & реков: Те молам спакувај ми ги овие работи да стиgнат неоштетени, и покрај незгодите што би можело да ги има на граница (од овде се мисли дека с е можно.) И покрај тоа што таа секој ден не е во допир со ароматичните состави кои ги става во картонски пакет, подготвувањето на овој пакет посебно ја забавуваше.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, јас сум толку презафатена со активности од секаков вид што весниците само бегло ги прелистувам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И бидејќи секојдневното набројување на пожарите, силувањата и на масакрите од секаков вид не беа доволни, беше неорходно исто така да се дознаат кажувањата на вековните, незавршени омрази кои противставуваа едни против други разни етноси.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не беа најимпресивни хаотичните и драматичните ситуации со кои постојано се судираше, почнувајќи од бреговите на Охридското Езеро па сѐ до бреговите на Босфор, туку начинот на кој тој ќе ги совладува противречностите заедно со своето семејство, имајќи крај себе и една прекрасна сопруга достојна за восхит.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така, во овој случај, бев со човек кој имаше огромен излив на секаков вид емоции кои ни самиот тој никако не можеше да ги спастри, ниту пак некој друг за него можеше да ги контролира.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)