секаков (зам.) - збор (имн.)

Заради тоа тој стануваше горд. Шараше со креда по училишните ѕидови секакви зборови и навечер, кога се соблекуваа сосетките, кришум ѕиркаше низ прозорците.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Секако ми се изнавика, а јас откако сум дојдена овде никој не ме навредил, секакви зборови ми изнарече и веднаш нешто како да пукна во мене и, Миле, верувај, овојпат нема да куртулам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Проклет да бидам, беспомошно изгледаше сѐ, секаков збор, секаква утеха.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од различни места дојдовме во овој град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе почнев да викам по тебе и да те навредувам со секакви зборови.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Синот знае - неговите зборови нема да стигнат до срцето на старицата: во него се таи желба посилна од секакви зборови, од секакви реалности.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговото молчење беше поречито од секакви зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Блажени сте вие кога ве срамат и прогонуваат и кога ќе говорат против вас секакви зборови...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)