секого (зам.) - кој (зам.)

Се покажува дека е тоа име земено од регистерот на локалната болница и така името е оставено отворено за секого кој ќе може и знае да внесе понатамошни податоци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога се разбра таа работа, ниеден полчишец таа зима не прејде преку река да ги вознемирува Дунчани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разбира, тој не можел да предвиди дека неколку децении по неговата смрт дизајнирањето на фонтовите во ерата на компјутерите ќе биде возможно за секого кој има приод до сканер и софтвер.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нашата цел не е Стојан да го замениме со нов Стојан, ама во принцип прифаќаме секого кој што ни е од корист.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кифер можеби не го измени светот, но тој му даде на секого кој беше загрижен навестување зошто и како - и кон каде - светот би се изменил.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
— Им рече еден ден на сретсело. — Ќе го обеса секого кој ќе наврти да и брка Дунчани од Раково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден ден чичко ми му го кажа тоа на татко ми, но во вид на клевета, а татко ми рече: И ти и Љубица играјте и танцувајте, но да бидете пристојни, со секого кој ќе ве покани, макар и Циган да е, но за време на играњето никако не треба да се зборува, да бидете сериозни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)