секој (зам.) - втор (бр.)

Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Понекогаш постојат повеќе смерови, како во бустрофедон, каде што насоката се менува во секој втор ред.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Македонија беше земја со најголем број инвалиди во историјата на човештвото затоа што скоро секое второ работоспособно лице земаше инвалидска пензија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Не бе, сега секоја втора вечер и се качуем на жена ми - одговори Здравко и со забрзани чекори тргна накај дома.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со тоа ќе се обележи триумф на сендвич државата и секој втор транзициски Македонец што работи како таксист, а со самиот влез на триумфалната капија налетуете и на циганите кои ќе ве пречекаат скокајќи у прљавата фонтана. Страшен призор на триумфот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во јануари, секоја втора година, на пример, се организира Светска изложба на мебел.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му кажа дека поминала убав живот со него, дека бил идеален маж, нежен и внимателен, сè додека не запознал друга жена, сè додека таа не го завела и не им се замешала во нивниот живот и тој не почнал секоја втора ноќ да ѝ доаѓа: една ноќ да спие кај неа, а втората кај другата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На секој втор или трет ден се колеше по еден бик или вол пред селската штала што ја зеде војската, близу до езерото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Старата и дотраена 23-ка, која како да е така намерно наштелувана, гасеше на секоја втора станица и возеше со максимум 30 км на час, не можеше да ѝ го одземе на Јадранка тоа возвишено чувство што го имаше во денот кога таа го возеше својот џип.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Соседот, бог да го поживее, уште се држеше на нозе за да вари ракија - железничарот Круме, штом појде во пензија, се претплати кај него: секоја втора вечер по едно шишенце од тоникум.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Граѓанските партнерства во Вермонт, машките извиднички организации на расправа во Врховниот суд, ракоположувањето на геј- епископи од Епископската црква, оставките на геј- гувернерите во Њу Џерси, уставноста на законите за содомија, гејовите во војската, подемот на поларизаторските „клин- политики“, геј- браковите и низата уставни измени со кои се редефинира бракот, а да не зборуваме за позитивната дискриминација, за кривичните дела побудени од омраза и за положбата на малцинствата: сето тоа беше и тоа како доволно предметот, кој и понатаму си го предавав секоја втора година до 2007, да стане траен и неодолив предмет на коментари, и покрај сите мои усилби да го држам подалеку од вестите. (Сакав да го заштитам Универзитетот на Мичиген од злонамерен публицитет).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секое лето, или секое второ лето, вршиме дератизација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Првите неколку пати тој одговори со да, но кога преминаа преку мостот по четврти пат, тој рече не.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Овој мост е напуштен, нели?” го праша Далтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа така и направи. Стапнуваше на секоја втора, не гледаше надолу, но сепак ја слушаше реката одоздола како се мачи и се тресеше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон рече, „Одреди си шема. Стапни на секоја втора. Не гледај доле.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)