секој (зам.) - петстотини (бр.)

Погледна и кон просторот, каде што можел да биде стариот антички град Скупи, разурнат од катастрофален земјотрес, пред илјада и деветстотини години, за да се повторува секои петстотини години.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Немаше сила што можеше да ги помести, освен можеби катастрофалните земјотреси кои се повторуваа во градот на секои петстотини години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)