секој (зам.) - сака (гл.)

И дури зимоска „неделата" беше тежина на јатрвите, ги задржуваше од женската работа, сега е лето, секоја сакаше што побргу да и дојде неделата за да остане дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веќе четири дена како се разгледува тој план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие што имаа огнестрелно оружје ги прегледуваа кремењето, чарковите, капсите, штракаа по десетти или педесетти пат дали работат нозете и петлињата на кремењачките и капсалиите, а тие што носеа секири, балтии, коси, крклизи — го остреа своето ладно оружје со егиња и ги вртеа главите, секој сакајќи да не дојде до употреба на ова нивно „оружје".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Густо збиените на ридот куќи како да се креваа на прсти и се надвишуваа една над друга: секоја сакаше да се огледа во утринското огледало на езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Поделен манастир не може да биде... - рече игуменот. - Тоа е како кога ја делеле птицата двајцата луѓе што ја уловиле: секој сакал да добие половина од неа и пак да му пее птицата... А може ли поделена птица да пее?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но секое сакаше да му ги исцица животните сокови на другото.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но секое сакаше да му одземе од животниот простор на другото.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Умре од мака и тој и сета управа, - секој сакаше да дојде до сексот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секој сака да живее подобро, да има повеќе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Секој сака да го има во логорот, да го гали по главата и вратот, а му пика коска в уста, да му фрла дрвце низ шумата надевајќи се дека ќе скорне зајак.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но секое сакаше да му одземе од животниот простор на другото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но секое сакаше да му ги исцица животните сокови на другото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Никој ништо не зборува, а се гледа дека секој сака да праша дали и в црква може да влезе болеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој сака поблиску да застане, да се огрее, крвта да му потече. 159
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој е зафатен со својата дома и домашни, секој сака да ти го раскаже животот. Од крај до крај да ти го раскаже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој сака повеќе несреќа да има, да завладее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)