секој (зам.) - оној (зам.)

Аналогно на тоа, таква задача имале и британските мисии на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај неговите настојувања да остане неутрален во однос на Македонците и Грците и да покаже дека „мисијата е пријателска спрема секој оној кој ги помага сојузниците“ во својот извештај ќе истакне дека “навистина јас ги сакам Словените повеќе отколку Грците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но, секој оној кој што воопшто некогаш се обидел да спроведе таква квантификација знае дека преведувањето на кое и да било набљудување во мерење претставува деликатен и суптилен проблем.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога дознаа од управата за какви бесмислици го користиме времето, дека тетратката во рацете само за маска ја држиме, веднаш беше забрането шетањето крај ѕидот, а секој оној што ќе се обидеше повторно да го мери беше најстрого казнуван.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Најпосле царот решил да ообјави во царските зандани, каде што чувал робови заробени во војните, дека секој оној што ќе се нафати да го победи џинот ќе му го подари животот и дека ќе го пушти на слобода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Меѓутоа, треба да се има предвид дека британската политика во текот на Втората светска војна била, како што известува Черчил, „да го вооружи секој оној што можел да убива Германци“, без разлика на нивните политички програми.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)