секој (зам.) - есен (имн.)

Тој имаше цело стадо одбрани сански кози и неколку космати прчови, кај кои секоја есен масовно се носеа козите на оплодување, а некогаш и предвреме поради нестрпливоста на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, поминаа и Мала и Голема Богородица, ластовичките и штрковите заминаа таму каде што секоја есен заминуваат, а од Брчалото ни трага ни глас, ни на небо ни по земја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И тие сиромаси не сакаа секоја есен да се селат и нови меќани да прават, ама нивните нивчиња беа кое осмак, кое шиник семе, та немаше што да гнојат, што да ораат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)