секој (зам.) - партија (имн.)

Замислете си како би било кога секоја партија би посакала да го врати времето во кое се чувствувала токму таа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Според Чанга со козјото прашање во почетокот, се занимавале во Информбирото и дека не бил заземен единствен став, ами било оставено секоја партија, негова членка, да го решава според специфичните услови во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со ноќи потем сонував дека таа неизвесност ја платил со глава; го мислев, господин судија, не дека не сум го мислела; го сонував како паѓа од тој проклет трапез, од огромна височина и како си го крши вратот; се будев во пот и плачев; подоцна, многу подоцна, дури и го посакував, како жена што посакува маж; имаше ноќи во кои посакував да се спакувам и да заминам (оти Партијата, како и секоја партија, пропадна како брод од хартија), но секогаш брзо се соземав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)