секој (зам.) - промена (имн.)

Не само секој вистински прекршок, туку и секоја ексцентричност, колку и да е мала, секоја промена на навиките, секоја нервозна особеност која би можела да биде симптом на некаква внатрешна борба, непогрешливо се открива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но тоа беа само зборови, а овде, во селото тој го познаваше животот, тешкиот живот со сите ужаси на гладот и бедата и затоа секоја промена, одење во кој и да е друг непознат крај, оддалечување од неговото село го мамеше и му се чинеше дека е подобро.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ уште ништо се нема променето, а секоја промена е само на полошо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Центарот беше обезбеден со три стражарски места и со видеокамери поставени на високи метални шипки, со што во одделението за наблјудување и алармирање можеше да се забележи секоја промена и движење во пространиот двор, во паркот и надвор од оградата, во појас од десетина метри.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, по десет години, во малку модифицирана верзија, се врати одредбата дека платата се исплаќа „најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период“, при што работодавачот е должен претходно, писмено, да ги извести работниците за денот на исплаќањето и за секоја промена на денот на исплатата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како нови основи фигурираат: а) одбивањето вработување со полно или скратено работно време, кое не е помало од половината од полното работно време, а е соодветно на образованието, знаењето и можностите на невработеното лице; б) прекинувањето на обука, преквалификација или доквалификација по вина на невработеното лице; в) исполнувањето услови 72 за стекнување право на пензија (покрај веќе постоечката основа која предвидува остварување право на пензија); г) затекнувањето на работа кај работодавец од страна на надлежен орган; д) неоправданото одбивање привремено вработување во исклучителни случаи (поплави, земјотреси, неопходно извршување на земјоделски работи и слично); ѓ) одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи; е) одбивањето вработување на работно место за кое се бара пониска стручна подготовка од онаа на невработеното лице, а ако тоа, непосредно пред да остане невработено, со своја согласност, работело на такво работно место или изјавило дека прифаќа вработување и на понизок степен на стручна подготовка; ж) нејавувањето на покана на Заводот за вработување од неоправдани причини; з) небарањето активно работа во последниот месец и ѕ) неизвестувањето на Заводот во рок од осум дена за секоја промена која е услов или основа за стекнување, остварување или губење на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Гронинг: Тоа беше единственото андерграунд списание, така што еден ден влегов во канцеларијата на Холивуд Булевар, а рецепционерот седеше таму викајќи „Немој да работиш за овие копилиња!“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како и секоја промена од сожалување, ефектот беше разочарувачки спротивен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)