секој (зам.) - сабота (имн.)

Обезвреднетата фабрика, некогашен гигант и бисер на велешката индустрија, беше продаден за смешна сума на трговското друштво „Керамика Нова“ ДООЕЛ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На работа едвај беа повратени околу 50 „среќници“ кои секој месец склучуваа договори за вработување на определено време и кои добиваа фиксна плата од 12.000 МКД, иако работеа секоја сабота како да е нормален работен ден, без тоа да биде некаде евидентирано – при што се правеа класични малверзации со картиците за електронска евиденција;5 работеа сменска и ноќна работа строго стоејќи на нозе (за приседнување 252 или потпирање се добиваше казна – 20% од месечната плата), во незатоплена и неклиматизирана фабричка хала.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Фабриката беше дадена на јавен тендер, на којшто – преку новоформирана фирма, основана на име на неговиот внук, се пријави еден познат македонски капиталист – олигарх од Скопје со политички амбиции, кој е меѓу најбогатите луѓе кај нас (Т.К.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ручеците секоја сабота и недела ги подготвуваше речиси на ритуален начин, а гурманите Саво и Виктор секогаш ги изненадуваше со свои посебни деликатеси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но секоја сабота и недела, кога не работеа, Богдан доаѓаше со воз и во понеделник рано пак се враќаше назад.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Така секоја сабота заедно со прекрасниот господин Брамс шибавме секакви креативни срања низ етерот со Волчар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кратко време по моето доаѓање во Скопје на покана на господинот Џабир Дерала заедно со господинот Владо Манчевски-Марсо отидовме во Студенско радио и секоја сабота ја емитувавме концептуалната треш радио драма: Неидентификувано - шоу на Калиостро и Кракатау.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Немало да има ни граѓански отпор, ни борба за човечки права, ниту Роза Паркс ќе седнела на предно автобуско седиште резервирано за белци, ниту Кенеди ќе ги добиел изборите, ниту Мартин Лутер Кинг ќе држел историски говори, ниту Врховниот суд ќе ја укинел расната сегрегација по училиштата и универзитетите, ниту ќе се случел маршот на Вашингтон, ниту Црните пантери ќе имале муда да кренат глава, ниту демократите ќе се степале со полицијата на својата чикашка конвенција, ниту ќе се изродел студентскиот бунт, ниту ќе имало мировни движења, ниту ќе дошло до сексуалната револуција, ниту до флауер-пауер, ниту до мејк-лав-нот-вор, ниту до филозофијата "грлс сеј јес ту гајс ху сеј ноу", ниту до појавата на феминизмот и женската рамноправност, ниту ќе имаше слободен печат да го раскринка она лајно Ричард Никсон, ниту ќе имаше нудистички плажи и кампови, ниту ќе имаше екологија и борба против индустриските штеточини, ниту Латиносите и Азијатите ќе добиеја пристап до раководните места во државната администрација, ниту хомосексуалците ќе се избореа за право на слободна љубов, ниту поп- рок ѕвездите ќе држеа концерти за гладните во Африка, ниту јас како тинејџер ќе можев да носам искинати фармерки пред жива мајка Милена, ниту ќе можевме глас да кренеме против крвожедните корпорации, ниту ќе смеевме попреку да ја погледнеме воената индустрија, ниту ќе беше можен антиглобализмот, ниту пак глобализмот, ниту секоја сабота ќе одевме на протести против војната во Ирак, ниту денешниве манекенки ќе шетаа по писта во танги и со разголени гради, ниту Клинтон ќе смееше да зуцне дека дувал хашиш и ја таклабасал Моника Левински, ниту Џена Џемисон ќе направеше толку пари, ниту Ал Гор ќе можеше да попува против глобалното затоплување, ниту Бил Маер и Мајкл Мур ќе можеа осум години да плукаат по Буш и Чејни, ниту медиумите ќе признаеја дека Сара Пејлин е бимба бимбосана, ниту сега јас и ти ќе седевме овде со зелена карта, со другарот Обама на чело.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Железничарот Круме потоа го навади, и така - секоја сабота приквечер - доаѓаше да види дали пуштило корен и сенка.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И покрај противењето на збунетата старица, железничарот Круме ја убеди дека по едно пагурче од тоникум секоја вечер не само што е подобро, туку и помалку од цело шише од кило секоја сабота.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Емисијата обично трае 120 минути (секоја сабота од 20 до 22 ч.), технички често е неспретна, нема соодветни џинглови (вообичаена слабост на скопските радио-станици, а и кога ги има - 103, на пример - очајно се претенциозни и недуховити), музиката не е баш прецизно одбрана... но: личностите на мг.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Интересно, тие оделе секоја сабота на Водно. А ние одиме секоја недела. Затоа не сме се сретнале.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
– Ќе доаѓам секоја сабота. Дури и почесто, ако ми дозволи раководителот. Ќе видиш, сѐ ќе биде добро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија ја разбра вистината. – Те молам, зајче! – рече вџашена. – Немој да ми кажеш дека и ти веруваш оти сум луда! – Како можеш да го помислиш тоа! –рече тој, обидувајќи се да се насмее. – Работата е во тоа што за сите ќе биде подобро да останеш овде уште извесно време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)