секој (зам.) - сенка (имн.)

Многу години по нејзината смрт, во секоја сенка Богдан ја гледаше неа оживена.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Знаеше секој израз од неговото лице, секоја сенка во неговите црти, имаше еден постојан впечаток дека го гледа пред себе тоа лице, а додека ги изнаоѓаше неговите зборови, на Змејко му се причинуваше дека тој го зел на себе дури и омјазот на оној старец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ден петти: Темнината се сокри во секоја сенка.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Јас го гледам секое нејзино движење, секоја сенка што ќе и се појави на лицето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)