секој (зам.) - сеќавање (имн.)

Едо, меѓувремено,неколку пати погледна во полиците преку целиот челен ѕид со трите диференцијали некаде во средината и при секое сеќавање со глетката му се чинеше дека во тој миг ќе се сети на што таа глетка го потсетува, но не му успеваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега кога Милошевски ми е на ум откривам дека различните моменти од животот се движат по различни колосеци а секое сеќавање се оддалечува со своја, посебна брзина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Освен тоа предпладнето до кај девет или можеби десет часот пречесто се сеќаваше на сонот и при секое сеќавање како да бидуваше непријатно изненадена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Најлошо беше тоа што при секое сеќавање на сонот наместо да се сеќава на подробности и да го исцели како што планираше, нејзе од сеќавањето ѝ бегаа нови детали.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сигурно, при секое сеќавање, го потсетувала на страста што тој своевремено ја доживуваше како љубов, зашто Германија на сите страни зрачеше со еротски предизвик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)