секој (зам.) - утро (имн.)

Тоа е многу малку храна, ти си слаба, треба да јадеш повеќе. – реков загрижено - Не, не ми е доручек, јас секое утро, веднаш по будењето ова го правам не го оставам никогаш гладен стомакот. – одговори таа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Секое утро, Клара во огледалото си ги повторуваше зборовите: veni, vidi - vici ... veni, vidi - vici ... veni, vidi - vici ... - но не сум сигурен дека точно го знаeше нивното значење - мислеше Мо, додека нервозно шеташе лево-десно низ тесната просторија.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Секое утро со самиот почеток на работниот ден, настануваше немир во мене поради сознанието за она што секојдневно се случуваше.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Секое утро мислата го поздравуваше новиот работен ден со „Е стварно го претераа, ќе им се качам горе да се разбереме на што личи ваквото однесување во една реномирана и културна установа каква што е нашава.”
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Роберт Кувер ЛИФТ 1 Секое утро без исклучок, и нималку не размислувајќи за тоа, Мартин користи лифт без лифтбој за да се качи на четиринаесеттиот кат каде што работи. Така ќе направи и денес.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Така спремнати чекаа под конакот да се јави Челебијата, да му се поклонат и да добијат по една насмевка како секое утро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мирче секое утро ги слушаше овие гласови, но не му обрнуваше никакво внимание.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чуката Маргара е највисока од сите врвови од Селечката планина и како стража го гледа како на тепција цело Мариово и Битолско — Прилепското поле; се поздравува секое утро со Ниџе, Кравица, дури и со Кожув и Беласица од исток, за да се заврти и ги поздрави другите другари Пелистер, Крушовските планини, та по некојпат му намигнува дури на двата Турчина и Поповата Шапка, а преку нив му се насмевнува и на далечниот Љуботен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ах, таа волшебна птица на радоста која на животот му се свети - живеејќи го!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Метонимија На Иванка Со години и години и откако го сосекоа до корен стеблото во дворот секое утро тука долетуваше птица и застануваше во воздухот кружејќи точно на местото каде што во круната на некогашното стебло беше свиено нејзиното гнездо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сигурен сум дека мама вечерта кога заспав сè му раскажала на тато, зашто тој ништо не ја запраша и наутро без мама си замина на работа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мама и тато секое утро одат заедно на работа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
92 При пристигнувањето членовите на британските воени мисии биле изненадени кога виделе “девојки партизанки, и грчки девојки кои изведуваат физички вежби секое утро“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Момата што секое утро, во исто време, одеше на изворот по вода, помина крај него со својот земјен сад, зави по каменото патче и заслегува надолу.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Растргнат од многубројните неуспешни обиди да направи слика, сликарот сега првпат осети нејасна радост од средбата со онаа непозната мома, која секое утро поминуваше со својот сад, му пожелуваше добро утро како на стар познајник и си одеше пак нагоре тихо, незабележано...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа му значеше дека со секого може да разговара, со секого му оди зборот: од чистачот на чевли, што го чекаше на плоштадот секое утро додека Миха му се приближуваше со бурек во устата, до последниот гостин - професор по покана - кој покрај предавањето ќе посака и да размени мислења со колегите, повеќе пренесувајќи ги одошто разменувајќи ги своите со нивните искуства.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
После тоа, секое утро кога ќе се разбудеше, на устата имаше пивтиеста маса како опашка на полноглавец.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Газот единствено не можеше да гледа. Му требаа очи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кучињата трчаа по него, очекувајќи го, како и секое утро, својот појадок.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секое утро секое утро на твојот пат една нежност умира.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тогаш низ Потковицата се ширеа гласови дека некои го виделе умрениот како осамен, жеден и невесел (додека другите умрени во групи или редици оделе и се враќале од кај изворите) чека на падините на Горник, долу, под оградата на гробиштата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Посебно затврднато беше верувањето дека мртвите доаѓаат да пијат вода од Виданови Извори во првите шест недели по умирањето, посебно ако домаќинството не стигнеше, во тие шест недели, секое утро рано-рано да однесе на гробот на умрениот бардаче пресно налеана вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си помислив, сепак постои правдина, како што постои и сонцето што секое утро повторно се појавува по темната ноќ само за да не потсети дека убавото не умира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттогаш често помислувам дека покрај неодмереното зборување и прекумерното молчење знае да наштети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И токму се понадевав дека се се движи кон доброто а за моето ерѓенство се разгорува уште едно огниште, наеднаш сфатив дека таа ти дошла или да ми стави оглав или да се одмаздува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А при тие полевања, како и при првата средба на портата, кога ми го доведе момчето Боге од Бањи, беа приликата кога заустував да проговорам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не туку-така секое утро настојував да се најдам покрај бунарот за да можам да му полевам на момчето да се исплиска со студената вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега го слушна гласот на Кети како ги проколнува двата дрски гаврана кои секое утро доаѓаа блиску до куќата и гракаа и крескаа како божем да гореше куќата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој мораше да јаде по едно ровко варено јајце секое утро за да му биде крзното светликаво и бујно и мораше да се храни со одбрана храна, со месо без сланина и со најсвежо хомогенизирано млеко.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И таа како и улицата беше задушена во мов, се крстеше секое утро пред своите дуќански врати, со животински страв од данок, меници, повереници и полициски писари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Утредента јавија дека ќерката на логотетот, секое утро се претворува во пајак грд, влакнест, и дека од креветот се искачува во аголот на собата, каде си плете своја вселена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа мора да го правиш секое утро! – беа зборовите на старецот кој беше многу блиску до Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако се огледуваш во водава секое утро со зборовите “јас сум најубав и најмоќен”, го запираш стареењето на ликот во тој ден, ја зачувуваш својата сила да го поднесеш заморот на денот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму секое утро ги носам децата на школо. Албанцко.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Живееше во Кротон, во приземјето на една реставрирана викторијанска куќа, половина милја од станицата Хармон, од каде секое утро фаќаше воз за Менхетн одејќи на својата работа, уредник во Антропологија денес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не ја испушташе таа работа веќе шест години, откако го заврши Барнард (дипломирала реторика и странски култури), и работата совршено одговараше на нејзиниот темперамент.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Антрополозите- истражувачи коишто живеат на реката Дањак на Борнео или меѓу Курдите во Курдистан ѝ праќаа груби и граматички збркани извештаи за своите согледувања, а таа тогаш брзо ги прилагодуваше за популарна употреба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Рајнер ме чекаше во својот дом за да може да заспие.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако тој се врати од болницата во својот виенски дом на улицата Шонлатерн, секое утро излегував од дома велејќи дека одам да читам во библиотеката, оставајќи го зад себе префрлувањето на мајка ми дека моите врснички по цел ден остануваат дома а излегуваат само со своите мајки, или некој друг повозрасен член од семејството, за да не си го нарушат угледот кај договарачите на бракови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас му верував на Рајнер дека ќе се врати, но стравував дека очајот може да го фрли во непостоење од кое не ќе може да го исполни ветувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Долгата линија на надежта при исчекувањето ја испресекуваше стравот кој ме будеше секое утро, стравот кој не спиеше и ме мачеше и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Џуџето Муртко“ – си дофрлаше секое утро во огледалото иако ѝ беа доволни само три часа добар сон, весело да запретка во постелата, дури и кога утрото е студено како зимска ноќ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така, славниот музичар за да и зададе смртоносен удар на желбата што го нагонувала кон пороци, одлучил секое утро, точно во 6 часот, да оди во црква на миса и на молитва.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од филџанот ги изми сите оние работи што не можеше да ги види, иако секое утро, од некоја упорност или по навика, го превртуваше откако ќе го испиeше кафето, трипати го прекрстуваше над газерот, го ставаше на мека салфета, чекаше да се исуши, а потоа десетина минути зјапаше во шарите од исушен талог.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа ги бришеше очите полни со солзи-радосници кога тој почна секое утро да излегува, облечен со костум, на новиот велосипед за да ги учи децата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Имаше големи зими, и имаше голем снег кога куќата на ридот од Профим ќе се затвореше целата: со еден снег што озгора паѓаше, и со друг што оздола растеше, кога кучињата риеја со муцките да си направат пат од едно место до друго, кога кокошките ќе се запретаа во него и не ќе можеа да се одлепат како пеперутка од мед, кога луѓето со лопати секое утро ја ринеа истата патека што водеше од куќата до плевната или сокакот, ослободувајќи ја од новиот снег што напаѓал ноќта, - но оваа зима и овој снег, ниту бил, ниту ќе биде, велеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Јазикот да си го каснеш!” ѝ велеше тој, и секое утро, уште пред да се разбуди таа, Полин излегуваше од дома и шеташе по сите околни места и собираше разни лековити тревки и билки: матарка, лопушка, кофил, калуѓерче, русе, златарка, прешлика, штрково цвеќе, напрсточе, млечарка, кострика, лишарка, кадифче, коњски босилок, чочорка, цволика, кикара, вратика, жалфија, калофер, добричица, царево око, иванчица, вртолумче, лобода, пчелинок, кукавичица, курвиче и др.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Секое утро, пред да тргне на училиште, Соња и помага на мајка си.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Секое утро ќе го вадиме и ќе гледаме како ќе ни долетуваат пчелки и пеперуги.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Оттогаш, секое утро се разбудувам пред муграта и ја гледам. Ова ми е прво утро да ја видам вака валкана, градска.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Како во софистицирана програма за анимација можеше да го реконструира секое негово движење - начинот на кој застануваше пред огледалото и во профил си го гледаше задникот кога пробуваше фармерки, благата повиеност на ’рбетот и затегањето на мускулите дур отвараше конзерва грашок, дланката со која се обидуваше да го задуши бунтот на влакната кои секое утро му прогласуваа автономија во косата, влечењето на нозете во полураспаднатите влечки, сите извивања на телото под различни агли и во различни позиции, кога тоа беше ненаспано, возбудено, бакнато или тажно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Постелнината е истресена, а креветот секое утро наместен.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„На првото славење на некој повод, ќе си подарите сами на себе златна табакера и во неа секое утро ќе си ставате по 7 цигари за тој ден“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И навистина, Фиданчо секое утро комплетната тоалета ја прави во езерото: се нурнува, се насапунува, па повторно се нурнува и како морж излегува од водата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во домот за стари и изнемоштени лица, едно бабиче, што не знае ни како се вика, секое утро се буди, ја зачешлува косата, става карминче со растреперената рака и со чадорчето постојано прашувајќи: „Да не помина три часот?“, седнува во паркот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ме прашува секое утро, без исклучок, „Што сум ти јас на тебе?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А нашата кралица, што на работа ни правеше „штимунг“ (ете, пак германски збор), играше со другарките и марамчињата порабени со парички, весела и насмеана и преубава; нема веќе да нѐ собира пред дуќан, варејќи ни кафе секое утро.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Долго ѝ завидував на таа прошетка, но имав привилегија, добар поглед кон прозорецот на вториот кат и едно дрво, кое ме пречека сето раскошно раззеленето и ме поздравуваше секое утро кога тешко, да не речам одвај, ги отворав очите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иако секогаш мислел дека светот со секое утро треба да се менува, не само закоравениот ред туку и сè во тој ред, од мирис до звук, од светлост до облик, сега се побунил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сандре Самарија, човек со изглед на тромав гусок, ја извлекол главата како од под крило. Очигледно штотуку се разбудил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во него таа ги услужуваше гостите што доаѓаа во Центарот и сакаа малку да се опуштат под големиот костен пред бифето, но имаше и точно утврдени дневни обврски: секое утро го вареше и го сервираше млекото за појадок на жените, а за службениците на трите стражарски места и за Гоше од осматрачницата напладне подготвуваше топол оброк.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Накратко, душата ми беше во носот, а јас секое утро морав да кивам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше во најдобрите години, кога доблестите сè уште не почнале да се претвораат во пороци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во шталата имаше малку овес и сува детелина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Сепак, – продолжив јас, – колку време јаваш секое утро? – Само ова утро, – рече тој. – Ја зборуваш ли вистината? – реков јас. – Се разбира дека не, – рече тој, – но. ако нѐ откријат, тоа ќе треба да го речеш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само се мислам, да не беше сестра ми да ми остави секое утро по стотче, што ќе правев!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе си спие до креветот на детенцето и ќе си игра секое утро со него.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имаа и едно чудо кокошарници и секое утро имаа свежи јајца за појадок.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Од нивното млеко мајка Ленче со негова помош правеше сирења, урда, кајмак, па Васе ги продаваше на пазар, а млекото го разнесуваше по куќи секое утро.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Знаеш, пријателе, и Толстој пред да започне да пишува секое утро, испивал по чашка коњак, неоти крвта ќе струи побрзо во дамарите отколку што одредила староста, ама нешто мигновно побрзо ќе проструи во умот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да видиме дали така ќе биде и со нас?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Александар не се сметаше себе си за херој, не познаваше ниту еден таков и беше убеден дека такви не постојат, но секое утро му се чинеше дека ќе ја изгуби самоконтролата, ќе го собори Петар на земја и ќе му го пресече грлото со еден од кујнските ножеви на мајка му.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И секое утро на Александар му се гадеше од овој студен поздрав, кој требаше да фалшира куртоазна почит помеѓу двајца возрасни луѓе кои се познавале во младоста.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Џинот беше тој што секоја вечер го фрлаше во зашеметеност и џинот беше тој што секое утро го оживуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега секое утро се бричел, облекувал сè само чисти алишта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ги гледав контурите на луѓето и знаев кој кога доаѓа секое утро и кога си оди.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На рецепцијата на зградата, во еден голем подавалник, секое утро имаше топли американски колачиња „кукис“, па јас и ти на излегување од зградата ќе си земевме по неколку.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Секое утро ти правев сок од свежо цвекло и морков.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На прозорците од зградата слетуваше секое утро една убава голема, мила птица…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
За тоа, пак, се грижеа Ариф и Злате, кои секое утро ги прибираа ведрата со млеко, мисурките со мед, погачките, шишињата со ракија и го колеа бравот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа Стале не пропушташе утрена ни вечерна служба да не ги посети параклисот, каде што отец Арсенија секое утро и секоја вечер читаше напамет едни и иста молитви: „Помилуј мја, боже“, „Богородице дјево“, „Единородни сине“ и други што беше ги научил напамет, оти и тој не беше пиомен како што не беше писмен и Стале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќаата од бегот секое утро со грбачот ги брка сите на работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така, едно време, сред зимата, кога божикните снегови беа станати и секое утро тревникот го поткопуваше мраз а дневното сонце го раскалуваше, на местото во еден агол од дворот каде што ја оставаше покосената трева, најде легнато едно изнемоштено жолтеникаво куче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеби за оваа ноќ мислев во секое утро на ножот. За овој час.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бараа до бесвест, до дожд со секоја ноќ, со секое утро, кога тешко се напушта топлата постела.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Човекот се среќава со сопственото стареење секое утро, во огледалото, но не го забележува, токму зашто е секојдневното (освен ако не бил буден или напиен претходната ноќ, па и тогаш знае дека подочниците ќе поминат со првиот добар сон).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Надица?... – по куса пауза басот од другата страна се оддалечи: Allo? Est-ce que c`est la maison de Nadica?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тие три дена господинот Вилијам Финч секое утро и попладне стоеше молкум во мрачното и ветровито поткровје.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секое утро оди тој до неподвижните автобуси и камиони на улицата, ги гледа, ги отвора нивните врати, разговара со шоферите, влегува во кабините, и црта прави и криви линии врз големите, правливи врати на овие возила.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Секое утро Зоки и баба му му носат храна на петелот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мајка како мајка: секое утро запнува да си го продолжи сонот таман колку да му стокми појадок на синот пред тој да киниса на работа – троа нежни погледи, троа галежи, грска цреши (тие тука каде каде порано узреваат) и задолжително чај од мајчина душичка.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Со оглед на количеството енергија потрошено претходниот ден, повторното започнување на животот секое утро е вистинско чудо.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Пелагија се облече во пљачките на Димостен, ги навре неговите војнички панталони и блуза, партизанската капа ја замени со качкет и секое утро од подрумот излегуваше егејски партизан а не мома, а таков партизан и се враќаше од планината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И кога се околу вас молчи, слушнете ја убавата музика на надежта, ништо не е невозможно, во секое утро, во сребрената нишка на зракот повторно се раѓате.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секое утро да се будам во пет до седум за да не го пропуштам автобусот број 167 (Teaneck road via New York, Grand Central Terminal).
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Треперливо чекориме по звуците на харфата, секоја нота ни го разигрува срцето, шепот ја ослободува душата и ја праќа блиску до ѕвездите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Следствено, во најраните мугри стануваше и со себе ги расонуваше сите соседи и синот, кој секое утро се будеше со зборовите "студениот фронт ќе се придвижи кон исток"...
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа цела ноќ размислуваше што би можело понатаму да стане.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се заимавме и секое утро ќе ми се јават: — Калимера, синдрофиса Небеска 13. — Мир манѓес, шок 14, ќе им одговорам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На работната маса му стои чашка со моливи, всушност тоа е неговата прва шолја со мече, подарок од баба и дедо за првиот роденден; од таа шолја секое утро и секоја вечер пиеше млеко, а откако се скршила рачката му станала чашка за моливи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Низ трепките ми спиеја. Знам дека доаѓаш секое утро, не доаѓај.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Речиси секое утро ме расонуваше раскажувањето на некој сон што претходната ноќ го сониле или татко ми или мајка ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Почнав: „Мојата мајка“. Мојата мајка секое утро станува порано од сите нас и нѝ подготвува појадок пред да излеземе од дома...“
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Уште првата вечер се договоривме секое утро да одиме на реката пред да изгреее сонцето, да се измиеме за здравје.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во среда постевме, а леќата се вареше на оган од суви лепешки, кои јас секое утро ги лепев по ѕидот за да се исушат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)