секој (зам.) - ќоше (имн.)

В подрум одам мајче, в подрум шетам секаде млади мајче наркомани гледам аманаман мајче аманаман го најдоа Трајче мајче сам во апартман Сам во апартман мајче, сам во апартман со шприц во рака мајче Трајче предозиран дилери фрчат мајче на секое ќоше у лошо друштво мајче го видов и Тоше Кај Мирко пaлицрква на техно мајче одат па кркаат табли и во вена се бодат аманаман мајче од ужас и страва целиот град е мајче завиткан во трава
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Додека нашите градови и гратчиња мирисаат на скара, во Келн е специјалитет кокошка печена на електричен ражен, која се продава на секое ќоше, во секое кафеанче, заедно со пиво и со други сувомеснати специјалитети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Посакувам да ѕирнам во секое ќоше од неговата душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од секое ќоше демне по некој холивудски народен херој, некој славен лик што се борел за човечки правдини, некој јунак над јунаци што изгинал на големото платно, на пожолтените страници на рото-романите или пак на стрип-лентите во високотиражните весници.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Разни воспитнообразовни пораки го затекнуваат младиот Американец на секое ќоше.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Насекаде се шири мирис на печива и слатки колачиња и чоколадни зезалици, додека од секое ќоше одекнуваат божиќните песнички... а ти седиш сам на аголот и мечтаеш за идниот Божиќ, во којшто нема повеќе да бидеш странец и шупак во овој магичен свет!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Откако наѕрев во секое ќоше и скоро веќе се изморив, седнав кај неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Онаа лекција на мајка ми дека добар секс се нуди за евтини пари на секое ќоше, ама дека сите се во потрага по вистинска љубов, ме додржа мене во истата кујна, до шпоретот и... добро де, и во спалната во која влегуваа туѓи парфеми и парчиња кожа под ноктите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во секој сончев зрак е збрана сета иднина на светлината: на секое ќоше паѓа облога дали бакнежот има сила уште еднаш да ја превстаса иднината?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Осојничав поглед, со срушени сништа Во срцето празни лавиринти, на секое ќоше семафор Но подруг, семафор од црно и бело.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ми се чини дека го пребарав секое катче, секое ќоше од целата куќа каде што таа хартија би можела да биде скриена.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)