секој (зам.) - во (предл.)

Откако се наиграа и нашетаа низ село, сите улички ги протрчаа со коњите, сите кучиња ги нападија надвор од селото, ги направија коњите бела пења, изгазија ергенчињата по некое девојче, турнаа по некоја стара баба и ќерамида од покривите; на еден знак се прибраа секој во својата „база".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бунгаловите претставуваат урбана целина, со улички и куќички, секоја во зеленило, а сиот овој град може со поглед да се опфати само од морето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Близу до Лајпциг се наоѓа Вајмар, а тој е познат по Гете. Но, и Лајпциг се гордее со Гете и секој во овој град, како знаменитост, ја покажува кафеаната каде што Гете пиел вино и го пишувал „Фауст“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
III Секој во семејството, на свој начин, беше опседнат од енигмата на враќањето во родната земја, но секому му беше јасно за нашата припадност и на земјата без враќање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Порано, во еднопартискиот систем, просторијата на кооперацијата си беше секогаш иста, истиот продавач, Тоде Нунко, истите шишиња зејтин, истата сол, истата пипер за в очи, истото сточно, ако го имаше, истите наполитанки “јадро“, истите поличиња, истата паланѕа со истите тегови, сѐ урамнотежено и сите присутни урамнотежени и мирни, секој во себе со прстот на чело, што ќе каже и колку треба да каже, за да се заслужи еден живот што се живее.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ова што сега го реков мора многу да им се допаѓа на грчките несреќни „левучари“, меѓувремено си рече авторот и продолжи: Ова е миг во кој ве повикувам секој во себе да си признаеме: Секој од нас, секој ден, од девет до пет е на работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Секој во секого се загледува, се радуваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега секој сам и насамо, што се вели, секој во своја самица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ти сакаш да ги намачкаат лицата со боја и да играат ритуални игри секој во својата скривница.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Една од тие воени зими беше најстудената што ја помнам; студот не ни дозволуваше да заспиеме навечер, па останувавме со мајка будни во мракот на приемната соба, тропавме со нозете по подот и триевме дланка од дланка да се згрееме, проговорувавме по некој збор, а потоа, кога ќе изминеше ноќта, кога ќе минеше утрото а ближењето на пладнето малку го ублажуваше студот, одевме секоја во својата соба и заспивавме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш по некоја вест ќе нѐ израдуваше, како кога стигна телеграма дека Софи, која три години пред тоа се беше омажила за фотографот Макс Халберштат и имаше заминато да живее со него во Хамбург, родила син.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Висините не се работи за допаѓање или недопаѓање (ви раскажував за дијаграмот што Шилингер го постави на својот Ѕид под таванот: сите табели, ориентални и западни, кои воопшто се користат, секоја во друга боја, се поставени наспроти една црна табела, таква каква би била да е физички основана во низата од аликвотни тонови), освен за музичарите кои се во тек; соочени со навиките, што да правиме?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И секој во себе мислеше како сега поскоро би прснал да бега одошто да го стори ова што им рече дедо Геро.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дојде и до делба на семејството, браќата останаа да живеат секој во едната од двете семејни куќи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)