секој (зам.) - со (предл.)

Како на платно, нит по нит, беа набоцкани боите, секоја со својата нијанса и сенка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таму се однесувале секој со свое засебно страновиште и достоинство, едно од тоа што биле горделиви, друго од стравот од верниците во Константинопол.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Полека се разијдуваа секој со кренати раце, со закани и со набрекнати модри жили на вратот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Разштрканиот народ се собра на купчиња и Ѓузепо се раздели од другарите, та тргнаа секој со својата група.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Галериите кои се наменети за постојани колекции и оние за периодични поставки, се сместени во одвоени кубусни простории; секоја со свој атриум.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сѐ живо е во еден сладок занес, сите грижи се фрлени настрана, секој со секого е брат, секој со секого е пријател.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Трите убавици беа на различна возраст. Но, секоја со својата убавина за своите години.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секој со својата мисла иташе некаде да стигне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па, кога како хор ќе дојдат да те соберат тебе и тоа „три кила месо со очи“, сите во нови алишта и чевли и со поворка до автомобилот, а сето снимено и фотографирано по принцип „секој со секого и секој со сите и со бебето“, протрчуваш до аптеката во болничкиот двор и пазаруваш протект апчиња за секоја евентуалија затоа што знаеш дека во следните шест недели никаде нема да одиш освен до креветчето и до јажето за пружање пелени, бенкици и „шведски“, а нему си му пожелна како првиот ден, и дека многу бргу, веднаш по првата недела, ќе те побара под ќебето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сите пијат, пејат и се гушкаат со Илија. А и секој со секого. Некој само со себе си се гушка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така секој со секого се клеветевме и се виде дека од човекот немало поголем нечовек...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само седам над Роса и приплакувам, се траштам. Никој од никаде не ти помага. Секој со својата мака си е зафатен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го превртувавме месото на жарот со долги, зашилени ветки, бавно, секој со исчекување дека некој прв ќе почне да јаде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чудно беше колку брзо наеднаш станавме безгласни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пупунците ја преспиваат зимата во круг, секој со клунот под опашката на оној пред себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А ние децата, и натаму во нашите соништа трагавме по можниот пристан на нашиот загубен чун, кога стариот капетан му се враќаше на вечното Езеро, трагавме по можноста да го пронајдеме патот на јагулите, да стасаме до Америка пред нив или по нив. Секој со својата среќа…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Секој со својата беља, така е во животот - рече Б.С. и дури тогаш сфатив дека ја имам извадено од џебот не заздравената рака.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сосема бев заборавил на советите на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Добро, нека е и така. Секој со своите грнци по вода, па и наш Боге со стомните! Негово право.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Прискокаа децата за одмор, прискокаа и двете близначки, но дали да се смееш, или да плачеш: како волови секоја со главата тргаше на своја страна.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најголема трагедија е да видите многу од светот но сѐ уште да не успеете да допрете до сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зар дека многу наблиску е злото и секој со секого се клевети, само напорки се гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Долго гледаа по неа, секој со мислите на својот дом и своите деца, на нивните радости што ќе им ги однесе првата Ластовица.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)