секој (зам.) - божји (прид.)

Секоја божја квечерина пројавуваш симптоми на алергија: прашина, минато одминат живот а каде без неа, кога сѐ е всушност, прав и пепел - од книгите до стварноста  па и тоа малку љубов што го имаш предизвикува астматичен грч психосоматски задув а ни морето не е тука да се прочистиш од талогот!  Правта е овдешна вечност - премин во метафизика.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Врескаше сè пијано: и добитокот, и пилињата, и секоја божја тишка, и сонцето што се удираше од дрвјата, и селските плотови и месечината што се нишаше на облаците како лаѓа пијана.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сѐ што знаете за сиромаштијата (сиромав човек жив ѓавол, парола снајди се) во Богота се мултиплицира и веднаш ви е јасно дека сте во метрополата на бездомниците - Богота, град потпрен на ѕвездената светлина, град во кој бездомниците се уплавосани од темнината на ѕвездите, град во кој бездомниците секој божји самрак се уверуваат дека нивните мечти не узреваат а дење балињата им се полни ѕвезди, колку цел ден да се допрашуваат денските ѕвезди вистински ѕвезди ли се?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
На секое божје суштество му е дадено да се чува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Под знакот на отуѓувањето, секој божји ден од човечката стварност може да се фалсификува, а позитивистичкиот опис само го чува од заборав тоа отуѓување кое самиот не може да го даде, единствено успева понатаму да го продлабочи така што уште повеќе ќе го преправи и прикрие.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)