си (зам.) - извади (гл.)

Тргнавме натаму кон камбанаријата. Јас веднаш се искачив дури горе кај ѕвоното, а Јован остана долу, ја побара кутијата цигари во сините работнички пантолони и, откога ја најде, си извади цигара, зачуден од моето љубопитство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
11. ПРАВЕЈЌИ СИ ГИ ВЕЃИТЕ СИ ИЗВАДИ ОЧИ - што ќе ѝ се нејзе, нека другите ги видат, и онака штом љубовта тепкаво ја срочи таа виде: само светли денови ѝ идат ...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Трајко отпрвин се позачуди на оваа Достина постапка, ама во својата простота си извади заклучок, дека жената е добра и радосна што ѝ даде господ „мешана киска“ и си ја продолжи работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)