си (зам.) - има (гл.)

Секој човек си има свој внатрешен учител или водич, него само треба да го повикаш и да го слушаш, да слушаш: тој кога те подучува не оди никогаш против тебе!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Мајките го споредуваа со Бога, ние со Сталина, се разбира скришум, мислејќи дека по неговото исчезнување од сликите со Тито, ќе мораме да си имаме друг Сталин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И да знаеш, вели, ѕидањето ќе си има посебна цена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие се сега една мала толпа која, како секоја толпа, си има свои правила на однесување и не се обѕира на она што е вистина, или што не е вистина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колку што гледам, ти си имаш обележано за тебе гроб горе на повисоконо, кај фамилијарните гробишта“. „Да“, му велам јас, „имам обележано“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Е, ама нели секој чекан си има своја наковална, па бидејќи не беше никаков исклучок од физиката и биологијата (додуша, нему, не му беше толку наклонета биологијата, па затоа се занимаваше со психијатрија), се ожени за една кротка овчичка, која на секој негов приговор му одговараше со „Бееееее!“
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Секоја од овие мачки си има свој стопан, „старател“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во лозјето тој си има свое место за седење, под крувчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но еве сега се истава од нејзиниот пат, зашто не може со обични зборови да ја домами необичноста, зашто и необичните си имаат секој свој пат и тешко се среќаваат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сѐ си имавме веќе готово - само горниот дел од бебешката количка да го симневме, да го размонтиравме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
еден параглајдерист си има стар обичај одозгора да им ги слуша мислите, а не рикањата на магарињата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ѓорче им раскажа каква е положбата во Бугарија: — Народот со симпатии ја следи нашата борба и готов е да ни притекне во помош, но правителството се изговара дека се најдува во тешка политичка положба и не позволува никаква акција во наша полза.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Го видов, бег, го видов. Убава сермија си имал, машала, убава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе си имаме уште расправии со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си има право човекот!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се качив и видов со свои очи: секој камен си имал срце и во срцето на секој камен си имало молња, за секој случај.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Секој од нив си имаше по некоја мугра или вечер, кога оставил млада невеста - роден крај...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не, таа сега си има друга поважна работа!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Колку ножови си имала! Малку ти е еден? - Тапи се, ниеден не врши работа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си имал свои, медицински, што барал по моиве белетристички и филозофски?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А зошто Курназ? Секој прекар си има свое потекло, ако не и свое проклетство.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кадровикот, значи, предложи Баге да ѝ биде доделен на забавно - хумористичната редакција, која си имаше своја програма и свој термин во шемата на таа програма, но немаше постојан уредник туку редакцијата ја водеше моментно суспендираниот уредник од друга редакција, и така наизменично како што имаше постојано по некој уредник под суспензија, и така постојано додека имаше на располагање наизменично суспендирани уредници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За изненадување на Ване, сега на масата, од десната страна на мајка му, седеше стариот - но не оној стар што го знаеше туку сосема друг, како којзнае која копија од оригиналот што си имаше свој отпечаток дури за и на малиот прст од раката, во вид на дискретен нокот - доволно долг да му се забележи на широката и плоска дланка, но и доволно краток да не му пречи во пишувањето на службените списи, и секогаш однегуван не со ножички туку со турпиичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си имаме свој готвач, тукашен селанец, обучен во војска, кој вари грав во казан а на празник врти јагне на ражен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И Римјаните си имаа свои јаничарски ешалони кои им ја тераа работата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сѐ си има своја памет, свој ред, сѐ се труди да порасне, да се зачува, да остави семе, да остарее. И билка, и дрво, и животно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Си имаше оваа валта и убаво име, Заветна, измислено некогаш одамна, од некои далечни Бојанови предци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Не можам, мамо! - Обиди се! Ајде цртај, јас си имам работа!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Си има тој и свои грижи па треба и на нив да се мисли.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Славчо го гледаше и му се радуваше. Тој сакаше да си има таков другар, како што е палавиот Месечков зрак.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тополчани си има убава местоположба, блиску е и до железничката линија и до џадето, и сосема, сосема е пристапно и пеша и со запрежни и со моторни возила.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со денови, дури и од други синори, домаќините на своите кримилишта довезува земја, црвеница, за газење црепни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Домаќинствата си имаа свои со ништо необележани но откако помнеа неотуѓиви кримилишта, кои, пак, во лето, во време на богоројчини пости, имаа друга намена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И нас со здравје да ни дојде Анѓеле и да ни донесе, и ние да си имаме. Си работел со ум...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Зошто ја избраа твојата порта!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ох, само да знаеш колкупати си имам речено: Зошто оние јуначишта ја одминуваа мојата куќа и не заноќуваа кај мене!?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога живееш сама во куќа, кога ќе си дојдеш дома го проверуваш каменот покрај влезната врата за да видиш дали бил поместен во твое отсуство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Па нека се смеат. Напред, па назад. Секој систем си има своја рутина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако е поместен, тогаш некој ти влегувал во куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Е многу е смешно. Би сакала да ѝ го смачкам тој пилешки мозок.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овој површен поглед врз историјата на Македонија ми се чини не само што покажува дека ние Македонците си имаме своја историја и дека сме народ чии судбини се развивале во врска со судбините на другите соседни нам народи, но и дека има во нашата историја многу самобитно и своеобразно, како што е, да речеме, самостојната Охридска архиепископија со нејзиното работење полето на народното просветување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Европејците досега си имаат направено неправилен заклучок за народноста на Македонците и ете зошто последниве, коишто ги носат на свој грб сите тешкотии и несреќи од сегашното востание, ќе имаат најмалку полза од решението на конференцијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Своја историја и варијации си има и нашиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом си има место националниот сепаратизам, тогаш тој треба да се пројави во милоста кон сѐ што е народно и на прво место во милоста кон народниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа одделување си има и други причини, а имено - употребувањето на нашите умствени сили за изучувањето на себеси, како членови на една татковина и еден народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарија и Егзархијата во Македонија си имаат чиновници повеќе отколку што им се нужни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со револуцијата напролет ќе се користат само нашите непријатели што си имаат само сметки спротивни на нашите национални интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нема сомнение оти и српските интереси, како и интересите на Каравлашко и Грција, си имаат свој покровител.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Руското покровителство станува ненужно кога ние си имаме „самостојно” и „национално“ бугарско покровителство. 3/ За бугарските владици што ни ги подари Стамболов ние плативме со немањето на автономни права, предвидени со Берлинскиот трактат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој народен јазик си има своја историја и свои современи варијации или дијалекти, поддијалекти итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По свршувањето на учењето може да биде и чиновник на пропагандата, но притоа тој ги мрази и си ја проколнува судбината што е орудие на една пропаганда, којашто си има свои цели, совршено спротивни на интересите на неговата татковина – Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Работи кои губат на значење, со тек на време дали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; сè што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Е, што вака де, што де?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ете, вака треба чевлите да се чинат мукает; ако ји носам до аџил'к, треба парчиња да се сторат, ја за појас нема да се скинат, а пак нозете и да се скинат, ми се домародни.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- К'де је? - повторил тој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Да за утре можам да дојдам, и сега си имам работа, така поздрави го!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден умен старец си имал саде еден син.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И така, кога намислил веќе да го свршит сина си, старецот ошол во друго едно село, да видит една девојка, шчо била многу пофалена за мошне умна и разумна.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Еќикат, чорбаџи, си имал ферман од царот - му рекол на тепачот - ем тамам се четириесет бентои; види вамо, чорбаџи, се свртел откај тепаниот, шуќур што не те отепал наместо овој чорбаџија, чунки со овој ферман што го имал овој чорбаџија и мене да ме тепа, нема што да чинам, толку се салам бентоите што се пишани внатре, со тургата од царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му беше добро и мислеше дека никогаш не ќе успее да се замати, а речиси имаше заборавено со кого си има работа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа неверојатно подвижни и смешно несмасни во својата големина, тие две раце, додека си имаа работа со онакви ситници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе го имаш пак само доколку си останал без тоа негде блиску, за да можеш да се повратиш; но ако си одел без тоа толку долго, за веќе да си имал време да ја свртиш браздата на твојот живот во сосема друга насока по која што те повела таа твоја загубена рамнотежа, тогаш повеќе ни еднаш нема да бидеш во состојба да го побараш и да го најдеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Си имаме една земја, посна, сува, поскоци се ездат во неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеш ли да направиш чардак, да викнеш чалгаџии и да се опијаниш само од миризбата на цветовите? Секој цвет си има своја миризба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Часовникот, тежок и сребрено блескав, си имаше своја историја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секој си има еден вселенски знак, еден зодијак. И тој го управува него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но по неколку дена пак го повика и му рече: „Си имал среќа, момче; за храброста што ја покажа, командата те наградува: прекомандуван си во работен баталјон“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Си имав една невеста, кој ја виде, ја бакна; и јас ја видов, и јас ја бакнав?” „Стомна со вода!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако, ако, си имам јас кадри за сѐ. Од она четиво на Драган Кљаиќ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А и тој си имаше мака. Еден јачменчок му ја јавна клепката и му го затвори окото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Речи дека човекот си имал ангел, вели, оти ако не беше ангелот со него, кој знае дали јас ќе поминев оттука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А така момчета, вели и појди кај едни, појди кај други, не куражи и благодарја ви на учението, ни вели и ние: покорно благодарим, ќе му одречеме, а шумата свети, мислиш сонцето заборавило да зајде, да се тргне од неа, а сонце нема, небото на твоите рамена се потпира и тука учевме сѐ што си има една држава за да напаѓа и војната си тера и првин се бориме со Грците и со Англичаните и дење-ноќе во окопи, со цела спрема и не смееш да заспиеш, оти ако те најдат заспан, ќе те врзат на сонце, ако е сонце, ако не е дожд, и така ќе скапуваш, 123
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од тоа време, што и во втората деценија на веков го паметел тогаш живиот и жилав даб со брада, стогодишниот Лозан Перуника, лежат на рекичката Давидица четириесет и три малечки воденици, накривени и безживотни судбини во кругот на заборавот; самоучките врати им се испукани и потемнети, суровото минато ги заѕидало прозорците со бигорен камен. Но си има свое минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година продолжува во Африка и Азија движењето на европските колонизатори и се грчи на крвав камен Македонија. ***
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајчице слатка, си имала среќа да ти останам жива...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: (без волја). Така си е, бабо, ама не е ни лично ни прилегано јас да давам збор, бидејќи си имам мајка, која си го бере тоа гајле.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: Си имал касмет да земеш девојче како летница.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тоа лето и покрај мрморењето на Никодина, Рада благодарение на поддршката од мајка си имаше поголема слобода на движење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најпосле, кутриот Акакиј Акакиевич испушти душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Во однос на својата практична вредност, да“, одговори Дипен; „а префектот и неговата дружина грешат многу често затоа што, како прво, не постигнуваат идентификување, и, како второ, лошо го одмеруваат, или воопшто не го одмеруваат, разумот со којшто си имаат работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше свесна дека е убава, но сепак не беше задоволна од својот изглед: челото ѝ се чинеше премалечко, очите темно кафени, а не сини, линиите на телото ѝ се чинеа преизразени...се разбира претеруваше, тоа беа некои нејзини бубачки во главата, какви што си имаше секоја девојка на таа возраст.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ние не те пративме на сколија да учиш за да работиш еден ден, ама, кога човек има фута, си има и иднина и нема од шо да се плаши.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Си имаше свој поредок во спиралата на страдањето, во која до среќата се стигнуваше или никогаш не стигнуваше. се восхитував, но за жал кога повеќе ја немаше на нејзиното херојство да ја одржи надежта на нашите животи и во најтрагичните мигови на егзистенцијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За секој клуч постои некаква брава, но секоја брава си има своја историја...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XX На бреговите на Охридското Езеро се наоѓаа вратите кои требаше да ги отварам во текот на мојот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но јас си имав своја верзија, свое толкување за настанот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бургиба си имаше обичај да ги следи седниците на парламентот, седнат на една голема бела фотелја, поместена меѓу говорницата и фотелјата на претседателот на парламентот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги потчинуваш книгите на тој пат! И јас, пријателе Камилски, си имам маки со моите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И овој пат сакаше да ѝ бакне рака, не знаејќи како поуверливо да се заблагодари за чудесниот вкус на тикушот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски помалку маки си имаше да ги утврди во листата заемените заменки, чиј број е мошне ограничен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бројот на турските глаголски заемки во текот на времето рапидно се намалувал така што само мал дел од нив останал во употреба, особено во разговорниот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Си имаше многу мака со заемките придавки, кој по бројноста и фреквенцијата на употребата доаѓаат веднаш по именките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За него поимот милетt во генезата си ја имаше својата непостојаност и променливост, поради функцијата на милетот да има јуриздикција над прашањата од верски и световен карактер, а бидејќи власта не била издвоена од религијата, постоела неодредена синтеза на двата елемента, што придонесувало за немоќта на поимот да ја изрази семантичката променливост на поимот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секој си имаше свој правец во размислувањето за јаничарството од кој не сакаше да отстапи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во листата на најчестите придавки заемки ги вброи: азар, готов, од турскиот hazir; азган, разгален, збеснет, бесен, од арапскиот azgin; бајат од персискиот bayat; батал, пуст, напуштен од арапскиот batil; бетер, полош од персискиот beter; бол, изобилен, доста, доволно од турскиот bol; ѓузел, убав, личен од турскиот güzеl; пишман, покаен од персиски рişmаn; саглам, сигурен, верен, предан од турски ѕаğlаm; сербес од персиски serbes; серт, остар, лут (за тутун) од турски sert; тазе, свеж од персиски taze; татли, благ од турски tatli; терсене, чуден, настран од турски tersine; кибар, чист, елегантен, со вкус од арапски kibar; фукара, сиромашен, беден од турски fukara (арапски литературен fikara), баксуз, несреќен од турски bahtsis; динсуз, безверник од турски dinsiz; требиесуз, невоспитан од турски terbiyesuz.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Макар што се работеше за нивните идеи стари повеќе од стотина година, тоа беа за нас идеи на иднината, но, сепак, си имавме свој пат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Макар што си имаше проблеми со неумереното консумирање храна, Камилски прв го вкуси парчето пита.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Освен именките и придавките заемки во балканските јазици, Камилски си имаше големи маки и со изборот на најкарактеристичните глаголи во листата на (без)опасните турцизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тие, како и броевите, се среќаваат главно во изрази.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко си имаше многу маки да се справи со зборот милет, на турски millet, со потекло од арапски (millmillet) и со значење на народ, нација, религија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Слушај. Колку повеќе мажи си имала, толку повеќе јас те сакам. Го разбираш ли тоа?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
5. ИБРИК СИ Е, АЛИ БАРДАК - но дека си има сред вазните рода како реликвија музеите го вардат непуштајќи го да оди по вода...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
20. СЀ ШТО ГЛЕДАШ НАПРАВЕНО, СВОЈ МАЈСТОР СИ ИМА - сал бракот да го стокмат два мајстора се вдале, та затоа од Адам и Ева сѐ нешто му нему клима, сѐ нешто му е недоправено, сѐ нештичко му фали...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Си имаш ли светлина достатно е сал негде да огрееш за да се види "кај се раѓа лебот"...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Знам, за вакви работи, како и да речеш, ќе згрешиш. Си имаше свој занес.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сѐ - дури и секое пиле - си има работа - од Господа речена.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но Илко и понатаму си имаше добар апетит, јадеше, шеташе и одеше на брегот да ја лечи реумата во топлата вода.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Маалските односи се нарушуваат у два случаја: Прво, ако си заборавил или не си имал време да ја ишишаш травата, а таа пораснала повеќе од 4 инча (десет сантима).
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Си најде човек што го сака. Се омажи. Си има прекрасно дете...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Море, седи, ослепаго, како су чинила измет на ваа куќа толку години дури вие да се жените со браче Илка, ќе чина и сега, токо ние сакаме вие да си се удомите, да си имате друшки како шо си имате, а за измет — ќе чина гајрет дури да потпркне Ѓурѓа ошче некоа и друга година, па после и мене ќе ми се поолесне товарот!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама лоша кучка беше таа Сукаловата, бреј! Беља си имаше сиромав Стојо со неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така си оставаа „зад врата“. Но тоа ништо не им пречеше на Сукаловци и тие си одеа, си работеа, си печалеа и си имаа од сѐ по малку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Милан го осудуваше Јована за предавство, овој Милана за кукавичлак што избега во Бугарија и го остави него на цедило, и на крајот на краиштата и Милан виде дека Јован си имал право донекаде што се предал, бидејќи друга глава немало во торбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, си имал к'смет, не те заборавил господ ни тебе, ама не ме заборавил ни мене.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле дојде редот и на Сула-колџијата. Ристе му ја задржа раката, а и намигна на Боја тоа да го направи оти си има Ристе со него муабет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Девојчето како да разбра што стана со него, го прегрна Трајка со малите рачички и почна да се гушка во него; небарем му велеше на татка си и мајка си оти од денеска си има нов родител, кој ќе ја штити и храни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Куќи си имаат сите тројца браќа, посатка, чакар — бакар, сѐ си имаат натокмено, токо од милос помеѓу себе не се делени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој човек си има по некоа мана и по некоа болка, токо нека се живи пријатели, има болести, има и лекови. Ако к'смет ќе а лекуаме таа болес ваа вечер.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога виде оти Колобан прв ги пикна Толета Бојанин во пансионот како противуслуга на протата што му го даде анот за пансион, тој си помисли: „Кога може Стоан Бојанин да биде во пансионот, кој си има и мајка, и татко, и сестра да го гледаат дома, оти пак јас да не можа шо си немам мајка?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој си имаше своја сметка и си ја правеше вака: Толку крштења, по два черека бели, прават толку; толку венчања по половина лира, прават толку; толку умирања — по бела меџудија, прават толку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И таман Митра си имаше три машки деца и две девојчиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Сакам да проговорам дека сите наши чупи си бараат касмет меѓу нашите ергени да се задомат, да си имаат една заштита, една сенка над главата...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Заборави да му се пофали на чичкото дека татко им е мајстор, најмајстор, дека може сѐ да поправи, дури и гласовите на луѓето што зборуваат во кутиите, ама си има човекот некоја болка во мевот или во срцето, така вели, е неа ја лекува понекогаш со ракија, ама не, не, не се опива.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Аман, бе Фидане, бе! Их, ама вино си имал!... (Седнува меѓу нив). (Момци и девојки, стоејќи во одделни групи, се задеваат.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Море, девојчиња. Пуштете грло! Де нешто поживо!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И дека еден ден тоа ќе служи за разонода На широките народни маси Евентуално и како рекламна порака На некаков вињак произведен во Загреб Знаеше не дека не знаеше Цезар и за Брут Ама напати не сакаше да знае дека знае А тоа несакање си има цена Секое сакање и несакање си има цена И од тоа може да се направи еден огромен ценовник На империјалните сакања и несакања Може да се направи и цела историја На зголемувањето на цените на главите на императорите Од Цезар до денешни дни
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Но што би рекол братучедот Дешо: секоја мрчка си има прчка, па така и секој анимозитет си има свој исклучок - а тој исклучок во мојов случај е мјузиклот.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Работи оној што мора - а отказ дава оној што си има попаметна работа.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сѐ си има свое време во животот!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Немавме друг излез! – Секое време си има свои тежини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа си имаше тајни места во куќата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Французите си имаа свои стратегиски цели, ама ни ја посадија Европа со сите нишани.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таму, во нашата куќа крај Езерото, големата куќа на целото семејство која беше близу пазарот, си имавме сѐ што ни требаше за да издржиме живи и здрави, повеќе денови, додека траеше бомбардирањето и додека се разменуваа војските.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И загубената книга си имаше место во библиотеката, низ силниот спомен за неа, како и многу други исчезнати и забранети книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Боже!“ извика Летка во слушалката. „Колку ли инкарнации си имал ти!“, рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„А со жена?... Си имала ли некогаш сексуален однос со жена?...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не можеше никој да си има своја тајна, најмалечка тајна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во неговите мисли беше јасно, барем во однос на континуитетот на власта, дека едниот тоталитаризам минува во друг, при што како константна ја насетуваше институцијата на јаничарството и јаничарите, која си имаше своја историја уште од античките времиња на Балканот, првин со македонската фаланга, па Римската Империја, со преторијанската гарда.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сигурно и вие си имате работа како мене, ама што да правиме. Ајде, повелете дома.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
– „Оти луѓе сме, затоа луѓе сме, му рекле, а за штркови што се правиме, си имаме од деда прадеда клетва да се правиме, чунки тука ние, Силјане, не е чаре да родиме челад според една клетва што ни е оставена од деда прадеда како што ти кажав уште од понапре“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога се починале и се понајале, си летнале пак и си дошле во тие земји кај што си имале седела, та секој си тргнал во својот вилает, а Силјан со Аџијата и друзи се упатиле за кај Прилеп.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Лели те довеал ветрот у нашава земја, кај што човек не дошол досега, му рекол, ќе ти кажам од кај те познавам, чунки си имал касмет да се видиш со мене и гостин ќе ми бидеш у мене.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Види го, убаво момче, и паметно, ама си има фалинка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Вид го, бе, овој, ќе му се искачи на газот од автобусот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нејзината забелешка, за која ти кажав на почетокот од разговоров, си има своја точна причина, со свое точно име. И тоа мексиканско.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не е лесно да си имаш работа со неа. Е, мојата Валерија.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Докторот се исклешти и го потчукна по раката: „Мене, синко, раката ми прилега сосема нормална. Си имал единствено треска.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зошто дојде до ова? Не, не чекам одговор од тебе, а и од оние што седат високо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се прашував: зошто? И си велев: ако, нека си пее, но зошто, мајка му, токму тогаш кога јас му велев дека сум тој и тој, дека тој си има дома, а мојата дома ми ја одзеле и ме натерале да сакам туѓа дома?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Прости ми Коста. Лутината ме спобудале. Си имам некои несредени сметки со Високиот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Божем си имал анумка, некое младо девојче, сето во свила го облекувал, го мазнел, како кукла го дотерувал, но еднаш, свртувајќи се во сонот толку лошо го притиснал со својот голем стомав што душата му излетала наеднаш; не втасало кутрото девојче дури ни да писне.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се покажа дека Ролан Јаковлевич навистина имал повеќе повремени но и постојани врски а си имал и своја вистинска љубов, и тоа таму, во истиот оној куплерај во кој татко ти седеше пред скалите и се правеше дека ништо не видел и ништо не чул.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знам дека си имал можност да се запознаеш со многу работи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да поверуваш на толкава несмасност?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Реков, си имам работа на лозје! Ајде Арсене! (Отидува просто побегнува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Стори го волкот аџија, тој пак наместо вангелија, ќе рече јагнелија...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ама за Томче... Како господ те молам... Мајка сум...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: (Се стреснува.) Не! (Седнува.) Одете си вие дома... А јас овде си имам работа... со Арсен... за лозјето...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: (Согласен и задоволен.) Така, брат Арсо, за еден инает за него! И за ќеф за тебе!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Чекањето си има ред и крај. Не сум јас задушна баба!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Често бидува Преспанецот да потпевне на чардакот некоја стара и мераклиска - не мора да е баш преспанска ама секако да е натопена со роднокрајна тага: од кога е ставена чатијата на куќата Преспанецот си ја есапи песната за барјак развеан на чардакот а самиот во себе си вели дека е барјактар не да речеш за фалби или за нешто друго, ами отшто секој барјак си има и свој барјактар.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Дали сме доволно очајни, луди, изопачени зависно од точката на гледање кога ќе не надвладее потребата дали од безделничење или од чиста пакост, злоба и алчност да имаме храброст да ја реконструираме вистината, за секој од нас да си има по една вистина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Едни беа за пржење, други за послужување и сите си имаа розови лажици и виљушки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој си имал мака, што се вели, ама не знае инаку да каже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вистина, уште ништо не си имаме речено, нешто поотворено, што се вели, ама јас си мислам дека сите знаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секој си има по некое место што не може да го напушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секој си има своја приказна и лична проценка на својата несреќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Растенијата си имаат специјални сокови кои го прават листот еластичен, сјаен, радосен, а со често туширање сокот се отстранува.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Го правев токму спротивното: пишувајќи ти за маркизата од Пескара, за грофицата фон Мек или за Евелина Ханска јас се обидував да ја откривам, но и да ја дефинирам суштествената разлика помеѓу сите нив, од една, и Твојата суптилна француска заштитничка, од друга страна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И Пјотр Илич Чајковски налетал ненадејно на својата таинствена дама-заштитничка, која цели тринаесет години треперела над него, грижејќи се за сите негови потреби, вклучително и оние најбанални и најсекојдневни, а не само за неговата музика; бидејќи композиторот и односната (грофица Надежда Филаретовна фон Мек) никогаш не се сретнале (на двапати случајно се нашле на исто место, меѓутоа молскавично избегале еден од друг!), морале да разменуваат многу писма зачувани се околу 1200...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога првпат ми ја спомна таинствената госпоѓа Лејбовиц, раскажувајќи ми (попатно) за необичноста на вашата двегодишна епистоларна врска, во текот на која разменивте повеќе од стотина писма (за жал, не си ги собрал сите; некои од нејзините очигледно недостасуваат, што е голема штета!), помислив: си имал среќа каква што ја имале и редица големи автори во историјата на уметностите, кои, по сплет на разни околности, налетале на некои умни и внимателни жени, кои се посветувале на нивното дело.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Немаш ништо од тоа што си имал, и што си бил, немаш ни малку од тоа што ти треба.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Сакам да речам дека сон е тоа што сакаме свои на свое да сме, значи да си имаме свое име и презиме, да си зборуваме и да пееме на свој јазик и поради тоа да не бидеме тепани, осрамотувани и влечени по судови...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И како за оправдување на мојата немоќ и неукост во себе си велам: тука, драги Џим, секој си има свој крстоносен пат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од тие со кои почнавме, има сѐ помалку. Се истрошија. Голема беља си имам. Да им подвикнеш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тандаре-мандаре, ајце, дојдете вие селаните под пушка, гинете, нека ве јадат вошките, дајте сѐ што имате, а вие, пролетерите, де, кои си имате само по две раце останете си дома, по кафеаните во градиштата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И јас и тоа растевме здрави. Ми раскажуваше мајка, дека баба ми ме хранеше со магарешко млеко и така дома си имаа две прлиња.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ама еден ден дома влезе Дина, сосетката. Жената си имаше обичај вкуќи да влегува без тропање.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А јас си имам и своја приказна.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Секоја работа си има свое А, секое проодување почнува со првиот чекор, секоја зграда почнува да се ѕида од првата тула.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало, си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало ...
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ПАНАЈОТИС: Планови? Си има тој своја територија. Какви планови? КИРО: Не знам точно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не кажувај на светот што мака имаш. Не сака светот да знае. Си има светот свои маки.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не ти е тебе гајле ни за станот, ни за светот, ни за Матеј. Ти си имаш свој пакет аранжмани.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дуќанџиите му велеа дека лете е уште поубаво, секој дуќан си има и цвеќе пред влезот, тоа треба да се види, тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во Скопје тогаш навистина имаше осумдесет еснафи и уште повеќе занаети, и секој еснаф си имаше своја зграда со одаи, разни помошници на занаетчиите, и свој писар наречен граматик си имаше, и сите еснафи заедно си имаа еден заеднички ќаја, но да се биде писар-граматик, иако само на папуџискиот еснаф, не беше мала работа и мала чест.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Папуџијата Јосиф си имаше таму и лозјенце.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас си имам свое време, а ти свое.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ништо – тој си има нервози со школото, па после јас сум му крива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И проблеми со родителите. Затоа јас си имам тактика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Моето, можам да кажам, брзо помина, речиси не го ни почувствував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така, на први октомври се сместив кај неа. Двете си имавме потреба една од друга, нејзе ѝ требаше сестринско друштво, мене исто така и сместување.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Си има грижи, замислен е! - велам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Еве го моето зајаче!“ Сите деца ќе сакаат да си имаат вакво зајаче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)