си (зам.) - летне (гл.)

Времето си летна, вели жената, не смеам да задоцнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си наполнил Силјан едно шише од човечката вода и си го врзал на гуша, та си се сторил штрк и си летна заедно со Аџи Кљак-кљак, та дошол кај што беа збрани сите штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога се починале и се понајале, си летнале пак и си дошле во тие земји кај што си имале седела, та секој си тргнал во својот вилает, а Силјан со Аџијата и друзи се упатиле за кај Прилеп.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На ден Панделејмон си летнале со Аџи Кљак-кљак и со аџиицата, со децата нивни, и си отидоа во штрков вилает здрави и живи како што сакаше Господин Бог.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Со тие мисли Силјан си летна од Плетварско и си одлетал во село Коњари, та си кондисал на седелото од Аџијата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Си летнал од манастирот и си ошол пак на село.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога си поплакал Силјан на куќа на деветти марта за домашните, кога ги гледал и не можел со нив да зборува, на жалта згора си летнал од куќа и си ошол в поле да си ги види нивјето, ливаѓето, лозјата и чаирите кај што паселе говедата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога чу Велко зборот од мајка си, фрли со стапчето по него и го удри по глава, та го ошумоглави и не можел Силјан веднаш да си летне.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога чу Велко зборот од мајка си, врли со стапчето по него и го удри по глаа, та го ошумоглаи и не можел Силјан веднаш да си летни.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јас се качив на мотор и веднаш си летнав низ Прилепска чаршија, со моторот шетнав.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)