си (зам.) - објасни (гл.)

Сите ученици забележија дека Крсте непрестајно се дружи со Стојана и Нешка и не можеа да си објаснат од каде дојде ова зближување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Самата таа не можеше да си објасни зошто и навреа тие солзи на очите. Се заврте пак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, тие арно му се примолкнале, ете, на Прилеп, туку ние како ќе се јавиме утре пред нив, ќе ни црвее образот, — се јави еден од Петревите четници којшто не можеше да си објасни зошто војводите без никаква жртва ја напуштија борбата со витолишкиот аскер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште на почетокот, кога во однесувањето на госпоѓа Мариела, при честите службени контакти, го проѕре кај неа чувството на наклонетост кон себе, Богдан не можеше да си објасни дали тоа беше резултат на своето, со оглед на годините (тој од госпоѓа Мариела беше помлад дванаесет години) нагласено љубопитство (ако тоа се читаше од погледите со кои тој шеташе по нејзиното високо, видно потполнето, со нагласени облини, но складно тело) или на решеноста на оваа жена со својот порив да направи баланс меѓу срцето и разумот и отсуството на сопруг за нормален живот да го надополни со разуздан одговор на страста која ја поседуваше и заради која еден млад човек беше подготвен да им се подреди на сите нејзини желби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не умеејќи да си објасни што се случува, тој ревносно следеше сѐ, обидувајќи се некаде да го најде одговорот на прашањето што го измачуваше – зошто?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа попусто ќе настојуваш да се сетиш на сите поединости што си ги видел бидејќи нема да успееш да си објасниш што се се случувало во тој момент и што се си успеал да различиш и да издвоиш од сината светлина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги поминав и не можев да си објаснам: дали Ангелија го храни Кузмана како што го хранеше слугинката на инспекторот?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од каршија - си објасни Анастасија на самата себеси.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ни сега не можам да си објаснам како се најдоа во кабинетот сите оние натрапници кои пред малку беа на улицата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)