си (зам.) - подготви (гл.)

Ако тргне надолу, по патот покрај брегот, набргу ќе избие на границата, а не беше особено страден по средби со властите и нивните органи, а не гаеше ни тајни копнежи за бегство по Америки; ако појдеше нагоре, над низата викендички меѓу скоквите и желките, отаде голиот рид ќе се изгубеше во фронтовските ровови од Првата светска војна, низ кои уште можеше да се сопнеш од некоја рѓосана граната или барем на закопани чаури, од пушки до топови - за што инаку требаше да си подготвен, а не вака разгаштен за летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- За добро треба да си подготвен, вели Лазор Ночески, ама и за лошо треба да си подготвен, вели, слегувајќи од воловската кола што ја носеше рубата од Велика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Си подготви топли алишта, ранецот со храна и, нормално, пушката со муницијата за лов.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)