си (зам.) - поминува (гл.)

И кога ги прашаше како си поминуваат во училиштето, и двајцата не можеа да се нафалат колку многу Крсте Попов знае и сѐ што знае им кажува само ним.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многу сакав да одам со нив, оти веќе сме летувале заедно во тој состав во Маврово и ептен убаво сме си поминувале.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дени е цар! Нему никогаш не му е досадно да нè забавува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Времето си поминуваше, пролетта доаѓаше и се подготвуваме да садиме лозје.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И Зоки трчаше по собата, го дуваше балонот, пак го испушташе воздухот и пак ја врзуваше грлушката толку занесено, само за да му покаже на стрико си дека ете, тој и без неговиот подарок убаво си поминува и дека нималку не му е криво што ништо не му донел. Ако, нека види!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
– „Море ние, Силјане, сполај Богу, си поминуваме, туку ти, ти како помина по туѓина, кажи ни некои унерии, елбете тоа, што си видел ти, ние не сме виделе,“ му рекле селаните.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Јас како си поминав! – свикувам и чувствувам дека ми надоаѓа лутина, ама се воздржувам за да не го расипам „дружењето“. – Што имам јас да си поминувам, знаеш како е, во школо, од школо дома, учење, малку телевизија, малку со другарките, легнување, пак станување, па во школо и сѐ така, сѐ исто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)