си (зам.) - поприкаже (гл.)

Седни... седнати да си поприкажеме... Збор да сновиме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа, откако ќе го отпратев на спиење, одвај чекав да се видам со нив и да си поприкажеме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ама сега не во улицата туку во населбата каде што приквечер се собираат луѓето да си поприкажат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сетне, ќе си поприкажев со домашарката- другарката за сѐ и сешто, за она што било и поминало.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Влези, Пупи Паф, ќе си поприкажеме. Моите внатрешни ѕидови ќе те пречекаат со песна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
По многуте чуда на својот пат, се соочив со уште едно.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кутриот Михаил, дури сега немаше со кого да си поприкаже и кому да се пожали.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Седни, сега Пелагија ќе донесе слатко и ладна вода, седни да си поприкажиме јас и ти за да можат и тие две сестри да си кажат нешто насамо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ќе поручаме шо даде Господ, ќе си поприкажеме, а утре, со Господ напред, секој по својот пат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Бабо! Слушаш? Опули сја, нек си поприкажем, за твој, бабо, живот, помин, за младо ти време, Откаде си, кажи, бабо, и од кое село?
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)