си (зам.) - прилегне (гл.)

А, Параскево, парчиња да се сториш! (По мала пауза.) Ај да си прилегнам малце да си ги одморам коските. (Легнува на миндер.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Му ги одврза ли Господ нозете на Санета од земјата, му ја пресече ли ортомата со која беше зајамчен за неа, му ја излечи ли болката во исушените и вкочанети нозе, му даде ли сила со летање да си стигне и да си прилегне во гробот, само тој знаеше и никој друг.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
СПИРО: Така е, легач. Градината сама се вади; тешката бунарска кофа има крила, сама лета нагоре; дрвата сами се цепат; ѓубрето само се исфрла на буниште...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Си наполни чаша црно. Си прилегна на фотелјата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)