си (зам.) - свирка (гл.)

Читам на Интернет како сме го попушиле на самитот на НАТО во Букурешт: само Америка нѐ поддржала, а сите останати си свиркале загледани во плафон, бетер од дебарски молери!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но кога ќе ја сретнам очите ги кријам, си свиркам, божем ништо не е важно, и си мислам: зар за неа јас да не спијам... Но свртен ја гледам долго и тажно...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Гледа којзнае каде и си свирка. Одвреме-навреме подвикнува: - Еј, Робинзоне, каде си?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Притоа тој секогаш си свирка некаква своја мелодија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сакаше да се врати, но се сети дека ќе биде сомнителен и ќе направи уште полошо; затоа смело тргна напред преку мостот и почна да си свирка со устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)