си (зам.) - седи (гл.)

Како можев така да мислам кога претседателот ене си седи во својата претседателска фотеља и си ги брка своите претседателски работи, а неговиот телохранител, Сатирот, стои пристојно облечен, со црни ракавици и со пендрек во десната рака што го удира врз дланката од левата рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зачудо тој не се трескотеше а си седеше замислен на една маса, со две-три селски момчиња.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А стана тоа вака. Пискулиев си седеше во библиотеката и ги превртуваше бавно оние свои скрипти што секогаш ги носеше со себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Значи, се истребија сите откај нас — задоволен констатира стариот мудур и се спремаше да му предложи на јузбашијата да излезат некој ден да ги видат пепелиштата и пустошот што го направија војските и да ги покараат и поучат селаните да си седат мадро, да не се поврати злото пак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа си седи под огниште и си го држи помалото детенце, додека постарото веќе заспало на плочата крај огништето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Нека си седи Митра овде со Неда и Јована, на есен пак ќе си дојда“ — заклучи тој и продолжи да си живее во изобилие, бидејќи паричките што ги донесе беа достаточни за да не осети некаков недостиг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ВАЈ! - „Вај!“, му се жалел Анжеј Вајда на некој вајар: „не знам да јавам!“ „Е па, тогаш никакво фајде од тебе!“, му рекол вајарот на А. Вајда. (Оскар Вајлд си седел на страна и се смеел)
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но тие и така мадро си седеа да не носат модро: знаеја дека прават хумор во бесконфликтно општество, беа свесни дека можат да ја критикуваат само соборената класа и дека нема ништо смешно во новата работничка што се регрутираше од селската сиромаштија, им беше укажано на недопирливите теми и имиња - сето тоа тие го имаа во малиот џеб, па сепак од некаде вадеа хумор, од ѓон цедеа лој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не е чудно тоа што човек со човек разговара, чудното е тоа што старецот си седи сам пред колибата, се пече на нежното есенско сонце, гледа преку Гола Глава и си зборува: „Ама ајде, ти и лани не погоди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поинтересно е да си седиш дома и да си читаш стрипови, одошто да излегуваш надвор, да ја влечеш торбата по фурните и да бараш мек леб.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Та си седам јас овде под дивјачката така прибрано, а ти, те слушам, пак по некое време „Фиу, фиу...“ ми чиниш, сакаш да ме натераш да ти кажам дека сум те чула, ама јас пустата не те чув.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Баба Севда продолжи така смерно да си седи на патот, потпрена на ѕидот зад неа, со патерицата навалена крај неа, при секое поткревање на погледот тресејќи ја главата и главно со наведната глава во знак на покорност и помиреност со судбината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Достасаа Озновци од Прилеп и од Битола; иследуваа, сослушуваа, држеа конференции и кога не им појде од рака да посочат кој го убил Пената, прогласија дека реакција во Потковицата има исфрлено комити во шумата, дека тие, комитите, дење си седат дома и работат по полето, а ноќе бегаат во гората и убиваат, па ја вооружија младежта и почнаа да ја пребаруваат шумата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И како што си седеле така, некаде околу полноќ било, нешто или некој потропал на капаците на пенџерињата од кај сокакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си седат дома си, во дворовите, и тихо и задумани тагуваат по заминатите, стискајќи ги во пазувите нивните последни писма и фотографии.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, добро ни беше што не нѐ брка. Си седевме во колата, се труцкавме и се смеевме. - Стигнавме до реката.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
АНЃЕЛЕ: (ја разгледува собата). Со здравје да си седите.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И стоевме сега сите крај логотетот, дванаесетмина мудри, арамии свети; меѓу нас, на својот трон си седеше владетелот, а пред нас стоеше Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Останатите – по селата околу Скопје и дома да си седат и да не мрдаат се додека возот со драгиот гостин и пријател кралот Павле не протатни низ Скопје.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Знаеш, ќерко, баракава ми ја дадоа зашто куќата што беше скоро за паѓање ја урнаа, а сама во неа не ми се седи. Па, ете, така, ќе си седиме со Марина.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Значи, нашата крв се пролевала за правата на тие народности што или си седеа мирно во време на борбата или беа против нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ај, ќе се воздржам и ништо нема да речам, ама, ме стаса до вратата, да ме доисплаши: „Невесто! За Свети Никола дома да си седиш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Значи и навечер си седам пред Барон и пак и пак си пијам кафе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А Уља еднакво си седи во постелата, ме чека, вели и само плаче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка је дала изан да ојт, туку је дала еден тагар к'дели да и испредит и тој ден је рекла: - Ако не и испредиш денеска сиве овие кадели, ќе ти се сторам крава!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тије, мајка и ќерка, секога си седеле крај огнишче и си работале, си пределе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си седеа со Христина во собата кога Томаица праша: „Каде е тато? Што се случува? Си го видела?“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Си зеле фурките. ракавите, калците, чорапите, си седат, си предат, си везат или плетат, чекаат ред и разговараат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе си седи мадро, како поп, шо велат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Сполај богу, ете арни сме, си седиме и се спремаме за нова работа, — одговори Бино и не се зачуди кога Доста рече „добро утро" бидејќи знаеше дека таа е шетана жена и ги знае сите редишта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поправо, тие сакаа да си седат дома покрај жените, децата и стоката, како што си седеа старите петстотини години дури повелаше Турчинот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Заедно на вода, на река; по орото заедно си седеа и многу си ги бендисаа табиетите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ние така; ќе си бараме некој калнокапец, ќе си го земеме домазет, ем ќе си го повеламе како шо сакаме, ќе нѐ слуша. Сака нејќе, ем дома ќе си седиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Тогаш нека вршат агите наоколу – со извесна иронија проговори поп Јаков. – Ние ќе си седиме, ќе си јадеме, ќе си пиеме цело лето, а назиме, ќе даде господ студ, ќе видат невидат, ќе го напуштат нашето златно Мариово и ние ќе си излеземе на пролет како гуштеричките.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По некоја недела беше останала жената му на Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдовица; си везела и си плакала за касметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Силјане, му рекол Аџијата, при сѐ што те милувам многу, атер нема да ти остане, нема да седиш во моево седело, ами ќе си седиш на другиот крај на куќата, чунки нам ни е седелото домаќинска постела.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Бидејќи сестра му од Силјана била свршена, си седела во двор на ругузина и си низала едно ѓерданче од стари рупчиња.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Слегол од амбарче Силјан долу и тргнал за дома да си влезе, чунки рано било и малку времето расипано со дожд и лапавица, била уште баба Марта, та домашните си седеле крај огон и си се грееле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ете јас бев, татко, тој штрк, што си седев на куќа; мајко мори, и ти Недо, знаете кога ги молзевте кравите и ме удри Велко со стапчето, оти си ги милував телињата?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во тоа време Силјан си седеше до баџа и го слушаше сето ова што зборуваа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Замислен си седиш така со ноќи, со години И гледаш ништо да не се помрдне За да не го тури сонот на дечињата.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Си седи курназот, си чита, си пишува, навлекол влечки, мака нема.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Пандо, ти да молчиш, - подвикна Кузе - и да си седиш мирно, зашто... - Ќе ми се фатиш за обесениот, Кузе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Моторот работеше неуморно, а Зоки ни да се помрдне – сѐ на истото место си седи, гледа што станува и молчи, глас не пушта од себе!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Додека тој си седи дома, тоа наместо него патуваше неговото име што тој си напиша врз правливата врата на големиот камион.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Една вечер Дора и Ане си седеа во собата додека големите гледаа телевизија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мачката сето тоа време мирно си седеше врз долапчето и посматраше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си седи онака во страничната приколка и ме гледа со напудрените образи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повидните Турци се беа прибрале по сараите поради зимата, ајдуците и разните бунтаџии сигурно сега мирно си седеа покрај некој качамак и покрај некое огниште, та и тоа беше преубаво.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да си седеше во водата уште ќе беше жива.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)