си (зам.) - на (предл.)

Во овој „алабак табури", како ја викаше еден од родителите оваа дружина, беше „аскер" и малиот кржлав, мрсулав, мешлест како жаба, Крсте, син на манастирскиот ѓак Петка, кој штотуку беше, се запопил, и немајќи ни волови, ни коњи, ни орање, ни копање, немаше каде да го прати сина си на работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Дајте ми го, да видам! Запрете со зборов, гледајте си на својот грев!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
5. Ти да знаеш, паметуваш и ем да си на ум имаш - работник си - и работник ти ќе паѓаш и се дигаш.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
- Не може, не е ова отел, барајте си на друго место. - Како не може, - се спротиви подофицерот. - Значи ние надвор да останеме? Ќе нѐ пуштиш и ќе играш.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бевме седум ученици: на прво место Љакето, тој што кркна тресеница од татка си на свети Никола; Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, Ноаче на Дамјана Вржов – се сторија три, па Моне на Тасета Ќутурко- четири, па јас и бате Николче наш (после ќе видите што унер беше со бате Јолета наш) и седма беше Ѕвезда, чупиштето на Павлета Ќорвезирот, како што ја викаа зашто таа само со нас машките се дружеше и наместо да игра со крпчиња и игли, таа барабар со нас делкаше пушки и јатагани.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Им олесна на касапите зашто знаеја, ако кренат рака на вакво живинче, Ангелот пак ќе им ги фатеше рацете, како што му ја фати раката на Аврама кога сакаше да го принесе сина си на жртвеник.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се знаеме. На, цврцни си на нога! (Му го подава пагурчето).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Чаре? Море, оди легни си на чаирон, стави нога преку нога и ѕвери се во небоно. Господ сѐ гледа и ќе те разбере!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ајде, Бесно, ми вели, оди си на спиење, треба уште да растеш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чекореше назад, мислејќи си на тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Штом ќе си го поставите тоа прашање, не треба премногу да размислувате.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Приказна за татко што го исфрла сина си на улица или се откажува од него или за татко што сплеткари против сина си или му ја планира смртта; настан во кој син го удира татка си; приказна за син што се обидува да го убие татка си: самото спомнување на вакви сценарија е доволно да потсети на познатите сижеа од европската книжевност и култура – а да не зборуваме за фројдовската психоанализа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликите се преломни, а нивните последици се видливи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Воздржувајќи ги солзите, Горда посака да се зафати со нешто и да ѝ помогне на жената околу кујната, но жената сметаше дека тоа е понижувачки за неа (за неа или за Горда?), па Горда остана да седи крснозе, да пуши цигара по цигара и да гледа изгубено во детето, што играјќи си на подот заспа меѓу играчките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Си дојдов, - рече Зоки, сѐ уште не верувајќи си на ушите, - ќе си играме ли попосле?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Поканет си на Балот“, објави сета озарена подавајќи му го пликот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вујна Клементина ќе почувствува дека ѝ беше дојден редот да си го каже своето: „Мојата внука Ервехе ја загуби мајка си на раѓање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ова навидум банално минување на десетина километри воден пат, од едниот до другиот брег на Езерото, за Татко значеше да си ја остави мајка си на другиот брег, со измачената душа, да си ги остави братот и сестрите, како некогаш, поради заминувањето во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бегам и слушам: не правете ја голема, не газете си на родата, високо небо крај нема, за него е малку и да го убиеш и така.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)