сиот (зам.) - озари (гл.)

„Мамаа!“, ја пречека малиот сиот озарен, и веднаш фати да копа по торбите, барајќи нешто за себе, можеби нова играчка, или барем сокче.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И уште ќе додаде: најпосле, таа тврдина е разурната од мојата машка упорност. (упорноста напати ја заменуваше и со зборот професионалност), и сиот озарен од своето суетно задоволство најпосле малку посмирено, и со еден вид збунетост и извинување ќе констатираше: гледај, мајката, тврдината со валкано минато сепак била обична девица...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
шумот на ветерот или како драматичниот гурманолет станува историја ... кога водачот јавнат на столица пеејќи борбени песни за ноќните коњаници место следбеници слуша еребици зошто одамна не каснал дивеч туку мора секојдневно да џвака леб сирење и пржени пиперки кога сиот озарен довикува да ги стават во сос со кнедли тие следбенициите веќе сто и еден ден пред портата (тука водачот слуша торта и се облизнува над единствениот вкус на детството)во секој зрак што се одбива од полуразурната куќа на старецот откриваат нов збор а оној меѓу нив што го одредија да ја пренесува светлината занесен го носи сонцето во сонот и во здивот што го топли како со него да дишат далечните претходници...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)