сиот (зам.) - оној (зам.)

Не прашувајќи го ни од каде иде ни на каде оди, Геро едноставно го грабна под рака и го поведе низ врволицата, викајќи му на уво: „Има цел век како не сме се виделе!”, како да не му се обраќаше на Ване туку на сиот оној народ што им се тргаше од патот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А тој пат само со еден поглед може да се изврви...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А оној продолжи и сега да отскака исто како да не се случило ништо, цепејќи ја белината на сиот оној простор нагоре, пречекорувајќи и по десетина метра во еден заграб, додека земјата подмолно протатнуваше од секој негов скок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги свртувам очите натаму, и што да видам: ја кренал Семјон раката над главата и го пипа стебленцето на лозата; потоа, бавно, со јаготките на прстите патува по сите кривини на дрвото, како да ги поминува низ најбавен ритам деновите и изминатите години кои само за неговите прсти оставиле траги на прачката на лозата; сето тоа го правеше токму онака како што постапи и син му, пред малку, додека ја пипаше истата прачка; некои невидливи чекори, стапка по стапка, бавни; и син му, како да настојува со прсти да го помине сиот оној пат што се издолжил по лозницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)