сиот (зам.) - внимание (имн.)

Притоа веднаш да признаам, откачениот пластичен украс што ми служи место рачка, овој пат ми го привлече сето внимание. Украсите служат како рачки!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сите ги свртевме погледите кон телевизорот, а нашиот разговор за секојдневните теми престана и сето внимание го всредсредивме кон она што се одвиваше на телевизискиот екран.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ова ги узбуни сите војници и им го повлече назад вниманието.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бимбашијата, којшто сето внимание беше го насочил кон сражението со Златков и Железаров, кога ги чу овие залпови просто се избезуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)