сиот (зам.) - знаење (имн.)

Во неговите зборови го виде сето знаење кое тој, Савле, сакаше да го поседува – Стефан зборуваше за Аврам, за Мојсеј, за историјата на неговиот народ, од збор до збор ги цитираше книгите на пророците, за на крајот да ги спомене Давида и Исаија и веднаш до нив Него – оној што го распнаа и за кого неукиот народ по улиците шепотеше дека е Месијата, Праведникот кој дошол како што било претскажано.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А воедно кога почна да се чини дека може техниката со телевизијата и компјутерските мрежи да се погрижи сето знаење да дојде во секој дом, тогаш потрошувачката логика ја уништи културата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со духовниот живот отсега ќе владее принципот на уживање.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зборот е тука, но во него нема никаква воспитна идеја, отвореност кон светот и грижа за душата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)