сиот (зам.) - пат (имн.)

Но, сепак станавме и тргнавме назад. По сиот пат се обѕирав лево-десно и одвај ги смирував вилиците да не ми удираат една од друга.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Знаеш, пред очи ми беше сиот пат што сте го врвеле за да втасате дури до Костурницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги замислува – напрегнатоста на телото на достоинственикот, лошо прикриена со смарагдната кадифена туника и исклештениот грч на лицето, и ситната поднаведната фигура на Евреинот, кој долж сиот пат од кожарскиот дуќан до палатата се простуваше од шегите околу семејната трпеза, од свечениот мрмор во синагогата, така што кога стапна пред моќникот, беше речиси очистен од стравот, подгрбавен поради наследената костоболка, а не поради понизноста што би ја искажувал кон презрениот мачите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега облекуваше спортски чевли кога тргнуваше на прошетка зашто инаку, кога би носел чевли со цврсти ѓонови, би го следеле пците-скитници со своето лаење долж сиот пат, би се палеле светлата на прозорците од каде би се јавувале разни лица, и целата улица би била вчудовидена штом би видела едно- единствено лице што талка низ празната улица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)